Љубов и Секс

Несреќни, а сепак во врска: Зошто не кажеме збогум?

Несреќни, а сепак во врска: Зошто не кажеме збогум?

Здрава врска е среќна врска. Проблемите се неизоставен дел меѓу сите вљубени, но што кога тие ќе ја заменат среќата? Не е лесно да се завртиме и да си заминеме. Од друга страна пак, останувањето во таква врска е навистина будалесто. Но, дали знаете дека тоа не е ретко? А, научниците ни откриваат и зошто.

Истражувачите од Универзитетот во Јута тврдат дека луѓето остануваат во несреќни романтични врски кога чувствуваат дека партнерот премногу зависи од нив, па заради алтруизам едноставно немаат храброст да си заминат. Некои поранешни истражувања покажале дека луѓето во несреќни врски остануваат од лични интереси, како стравот од осаменост или стравот дека нема да најдат друг партнер. Сепак, ова ново истражување сугерира дека луѓето се многу сочувствителни кога се работи за прекинување на врската. Оваа студија открила дека шансите да го прекинеме односот во кој сме несреќни се многу мали ако сметаме дека партнерот зависи од нас, т.е. потребите на партнерот ги ставаме пред своите.

За потребите на истражувањето се спроведени две одвоени студии: во првата биле следени 1 348 луѓе во романтични врски во период од десет недели, а во другата биле следени околу 500 луѓе кои биле пред разделба. -Кога луѓето ќе препознаат дека партнерот бил навистина посветен во врската, тешко се донесува одлука за разделба,тврди професорката по психологија и авторка на студијата Samanta Joel.- Тоа е така дури и кога луѓето не биле премногу посветени на врската или биле лично незадоволни од истата. Генерално, не сакаме да го повредиме партнерот и се грижиме за тоа што тој сака. Наспроти тврдењата од оваа студија, психологот за парови Medelin Mejson Roantri, која работи со парови кои се пред разделба, тврди дека стравот од осаменост е најчестата причина заради која остануваме во врската во која не сме среќни. Што мислите вие, зошто луѓето остануваат во несреќна врска?

извор:среќа.мк