Љубов и Секс

Ненаситни за секс: Хороскопски знаци со најсилно либидо

Ненаситни за секс: Хороскопски знаци со најсилно либидо

Секој има различен сексуален апетит, но некои хороскопски знаци се познати по силното либидо и како ненаситни сексуални партнери.

Нив ги возбудува погледот, најмалиот допир или дури и начинот на кој кажувате одредени зборови.

СКОРПИЈА

Скорпиите имаат поголем сексуален апетит од сите други знаци. Нејзината жестока и страсна личност е видлива во сите аспекти на животот, особено во спалната соба. Сексот со неа е секогаш возбудлив, најмногу затоа што сака да пробува нови работи.

Сè што треба да направите е да се насмевнете на одреден начин, да ѝ дадете „значаен“ поглед или да ја допрете и таа веднаш ќе разбере на што алудирате и ќе ја прифати играта. Луѓето кои сакаат да се впуштат во сексуални авантури со Скорпиите подобро им е да имаат силно либидо и да бидат подготвени добро да се испотат во спалната соба.

БИК

За жена Бик, допирот е многу важен во сексот, а бидејќи сака да се држи за рака или постојано да го допира партнерот, нејзиниот сексуален нагон секогаш е силен.

Таа е многу тврдоглава и никогаш нема да признае дека е иницијатор за секс, но и двајцата сте свесни дека таа секогаш ве намамува и индиректно алудира на секс. Нејзиниот сексуален нагон е од физичка природа, затоа обрнете внимание на допирање, галење, па дури и сензуална масажа.

ОВЕН

Овенот сака добар физички предизвик и нема подобар предизвик од сексот, нели? Сексуалниот апетит на Овен предизвикува чист адреналин. Жената Овен обожава да победува, а сексот со неа е секогаш полн со страст, игри и експериментирање.

Овие жени се исклучително страсни, а тоа и во изобилство го покажуваат во спалната соба. Нивниот сексуален апетит се чини дека е поврзан со палавоста и желбата за игра.

извор: кајгана