Љубов и Секс

Немате желба за секс? – Ова се трите најчести причини за оваа појава

Немате желба за секс? – Ова се трите најчести причини за оваа појава

Се помалку желба за сексуален однос, се е поприсутна кај современиот човек, иако многу почеста појава е кај жените отколку кај мажите.

Тоа и не е некоја новост кога ќе се земе предвид современиот начин на живот, како и предности и слабости кои со себе тој ги носи. Новата студија од Австралија ги наведува најчестите причини за ваквата појава и објаснува како тие влијаат на самата жена.

Според студијата, проблемот во голема мера може да се поправи низ медицинска интервенција, помош од психолог или само низ лично прифаќање и разбирање на проблемот, при што разбирањето на партнерот е можеби најзначајно.

Понекогаш само разбирањето на проблемот како и причината за намалената сексуална желба за секс, за жената може да биде дополнителен притисок за кој таа обично молчи и го носи во себе.

Студијата наведува три најчести причини за губење на сексуалната желба:

Лична незаинтересираност – губењето на сексуален интерес не мора да биде лична работа и лична вина на жената. Постојат многу фактори кои можат на тоаа да влијаат како фрустрација, вина, грижа за други важни работи, незадоволство со својот изглед или изгледот на партнерот и слично. Се наведено се моментални, краткорочни појави кои жената можат да ја одвратат од сексуалната желба, а можат релативно лесно да решат.

Незаинтересираност во врската – многу жени се загрижени поради тоа како нивната незаинтересираност влијае на нивниот партнер. Во овој случај, важно е кога сте во здрава љубовна врска, ја да оддржувате емотивната интримност додека не создадете сексуален аспект во својот однос. Исто така, важно е партнерот да разбире дека вашата сексуална незаинтересираност не настанала поради него. Доколку партнерот го разбере вашиот проблем, можете заедно да работите на решавањето на проблемот, на пример, масажа која може да ве возбуди или нешто што ви годи.

Грижа за недостаток на хормоните– често се случува жените да се загрижени за хормоните кои се одговорни за сексуалната желба, и мислат дека во тоа е проблемот. Најчесто менопаузата ја сметаат за најголема причина за незаинтересираност. Исто така, и жените кои се под одредена терапија на лекови и инекции својата терапија ја сметаат за одговорна за сексуалната незаинтересираност. Медицинските прегледи на лекар или гиниколог может профеионално да го утврдат проблемот и доколку постои желба кај пациентот тоа најчесто може да се реши.

извор: таратур