Љубов и Секс

Неколку совети како да го сочувате бракот во овој стресен период

Неколку совети како да го сочувате бракот во овој стресен период

Дури и оние коишто имаат среќен и стабилен брак можат да имаaт проблеми во текот на овој период предизвикан од коронавирусот поради тоа што постојано сте дома со вашиот партнер. Повеќето живеат во мал дом со сопружниците со коишто треба да го споделуваат приватниот и деловниот живот 24 часа од неделата, а ова може да биде еднакво на катастрофа или развод.

Поради тоа психолози, брачни терапевти и луѓе коишто долго време се во брак споделија совети кои ќе ви помогнат да го сочувате вашиот брак.

Комуницирајте што повеќе

Тајната на секој успешен однос е во комуникацијата. Тоа важи секогаш, но особено во овој период.

„Најголемиот проблем е кога луѓето имаат различен став – а молчат. Единствениот начин да се сфатат еден со друг е да комуницираат“, вели Велнер-Дејвис, брачен советник.

Дајте си простор еден на друг

Повеќето партнери во нормални околности, голем дел од денот го поминуваат надвор од дома, а сега постојано треба да бидат заедно. Ова може да биде проблем за паровите кои живеат во мал дом кои може да се почувствуваат дека им е загрозена приватноста. Затоа се препорачува да медитирате или да слушате музика, преправајќи се дека сте сами во некој период од денот, за да потоа уживате со партнерот.

Кажувајте си еден на друг што ви пречи

Работата од дома може да направи од вашиот партнер имагинарен колега кој е виновен за сè.

На Twitter се појави таг #CovidConfession каде што луѓето пишуваат што им пречи додека се дома. Ова може да биде корисно. На секого му треба некој кој ќе го сослуша.

Направете план

Никој не може во целост да се прилагоди на новите околности. Поради тоа, може да создадете нови рутини кои ќе му дадат смисла на новиот живот. Важно е да направите план: кој ќе зготви денес, кој ќе чисти, кој ќе одговара на повиците и слично.

Не инсистирајте на секс

Сосема е нормално вашето либидо да биде помало во текот на овој период. Доколку сте помеѓу 15 проценти од луѓето кои не се под стрес, треба да имате на ум дека вашиот партнер најверојатно е. Не го присилувајте вашиот/та партнер/ка на секс доколку тој нема желба.

Размислете пред да кажете нешто

Доколку сте паничари по природа, најдобро е да се концентрирате на ситници бидејќи паниката уште повеќе ќе го загрози вашиот однос со партнерот. Наместо да експлодирате, земете воздух и размислувајте на убави работи, како на пример за работите коишто ги сакате кај вашиот сопруг.

Сетете се како функциониравте пред изолацијата и обидете се да го направите истото и во овој период.

извор: Кајгана