Љубов и Секс

Не ви е до секс? Оваа храна волшебно ќе го разбуди заспаното либидо

Не ви е до секс? Оваа храна волшебно ќе го разбуди заспаното либидо

На секому му се случува, понекогаш да не му е до акција во креветот, но ако оваа ситуација продолжи, постојат намирници кои повторно ќе ја разгорат бледата страст.

Сексуалната атрактивност може да се зголеми со афродизијаци од храната, прочитајте кои намирници најлесно можат да ја истакнат желбата, првенствено преку подобрување на циркулацијата, намалување на стресот и ослободување на хормонот за среќа.

Помеѓу двете лица или постои сексуална привлечност или не, но, ако постои, можеме да ја зајакнеме со афродизијаци, и тоа со оние од храната.

На прво место е ѓумбирот, кој ја подобрува циркулацијата и функцијата на крвотокот, а со тоа ја зголемува и сексуалната желба, како и црното чоколадо, кое исто така го намалува стресот и го ослободува хормонот за среќа.

Свежата краставица ја подобрува циркулацијата и активноста на сите органи, и на тој начин го зајакнува либидото.

Аспарагусот е богат со витамин Е, кој ја нагласува сексуалната желба, како и авокадото.

Уште малку на трпезата ќе дојде и лубеницата, чие ниво на афродизијак се споредува со она на „вијагра“, а тоа е поради тоа што има корисен ефект врз опуштањето на крвните садови.

извор: Попара.мк