Љубов и Секс

Не мора да му ги симнувате ѕвездите – овие две карактеристики се клуч за долга и успешна врска

Не мора да му ги симнувате ѕвездите – овие две карактеристики се клуч за долга и успешна врска

Психологот Џон Готман последните 40 години ги поминал во истражување на илјадници парови за да го открие клучот на успешна и долготрајна врска.

Конкретно, ги следел паровите од самиот почеток на нивниот брак и успеал да предвиди, и тоа со неверојатна прецизност, кој брак ќе потрае, а кој нема.

Се покажало дека постојат две карактеристики поради кои паровите остануваат во врска, односно брак – љубезност и великодушност.

Сепак, важни се и интензитетот на поврзаноста и интимноста, начинот на кој посветуваат внимание еден на друг и дали обострано одвреме навреме си поклонуваат мали знаци на внимание.

Со други зборови, ако сакате вашата врска да потрае, не морате на партнерот ‘да му ги симнувате ѕвездите’. Изгледа дека клучот на успешна врска е во малите нешта, како обрнување внимание на она што ви го зборува партнерот и коректност за време на повремените расправии, но и позитивен став во тешките моменти.

извор:точка.ком.мк