Љубов и Секс

Не ги мешајте овие две работи: Ова е показател дека си имате работа со партнер кој сака да ве контролира

Не ги мешајте овие две работи: Ова е показател дека си имате работа со партнер кој сака да ве контролира

Доколку се препознаете во следниот текст, не размислувајте туку реагирајте. Константното јавување, проверување каде сте и со кого, и слично однесување на почетокот може да делува како доказ за љубов, но всушност тоа се показатели дека фраерот со кој сте во врска има потреба да ве контролира. За жал, понекогаш е тешко да сфатите дека станува збор за контрола, а ако во вашата врска ги препознаете овие работи, тоа дефинитивно нема врска со љубов.

Очекува секогаш да му се јавите

Ако случајно го пропуштите неговиот повик, станува сомнителен и љубоморен, а ниедно образложение не е доволно добро да ги оттргне неговите сомнежи.

Отворено приговара кога некаде одите без него

Ова на некои жени ќе им делува романтично, но реалноста сепак е малку поинаква. Момците кои се опседнати со контролирање едноставно не можат да ги поднесат ниту најбенигните работи, на пример кафето на кое одите со пријателките.

Неочкувано се појавува кај вас

Или ако живеете заедно, умее неочекувано да дојде во станот, како да очекува да пронајде нешто што не би требало. Постои разлика помеѓу романтични изненадувања и неконтролирана љубомора.

А најчестиот аргумент е „ако немаш што да криеш ќе ми дадеш да видам со кој се допишуваш“. Пораките се приватна работа, а ваквите фраери ќе пронајдат нешто сомнително дури и кога тоа не постои, само за да можат да докажат дека се во право.

извор: таратур