Љубов и Секс

Не е лошо како што мислите: Не очајувајте бидејќи немате љубов – еве кои се предностите на „сингл“ животот

Не е лошо како што мислите: Не очајувајте бидејќи немате љубов – еве кои се предностите на „сингл“ животот

На некои луѓе сингл животот тешко им паѓа, но не треба да биде така. Корисници на социјалните мрежи откриле кои се предностите на живот без емотивен партнер.

„Можам да правам што и да посакам во било кое време. Можам да трошам пари колку сакам, без осудувања за она што го правам. Не морам да вклучувам никого во своите животни одлуки, не зависам од никого“, напишала една корисничка.

Други се радуваат на дополнителниот простор во креветот и фактот дека не мораат да го делат јорганот со некого. Некои нагласиле дека посебно ги радува фактот дека можат да ги менуваат плановите кога и да им одговара.

Некои оделе подлабоко и рекле дека им е драго што своите нерви и време не мораат да ги трошат на поддржување и нервози за нечии кариера, пречки и падови. Поддршката која му ја даваме на нашиот партнер, често може да нè замори, а слободните луѓе можат да уживаат и да се фокусираат само на себе. Фактот дека на секои неколку минути не треба да ги проверувате пораките, дополнително може да ве опушти.

„Драго ми е што сега никој не ме носи на глупави настани и дружења за кои не сум заинтересирана и кои се многу здодевни“, рекла една корисничка. Други додаваат дека не мора да се грижат за тоа дали пријателите ќе им се налутат ако одлучат да излезат со партнерот, а не со нив.

Слободните луѓе уживаат во фактот дека многу можности им се отворении, од селење во друг град поради работа, па излет или патување без обврски, до незадолжителни флертови со луѓето на кои ќе наидете.

„Го знаете ли она чувство кога првпат ќе останете сами дома, па можете да правите што сакате? Такво е чувството да бидете слободен. Одлично е“, заклучил еден од мажите кои одговориле на анкетата.

Извор: точка.мк