Љубов и Секс

Најчестите лаги што ги кажуваат мажите на првиот состанок

Најчестите лаги што ги кажуваат мажите на првиот состанок

Мажите сакаат да звучат добро на првиот состанок, исто како и жените. Иако повеќето од нив на почетокот зборуваат чесно и отворено, некои мажи едноставно мислат дека ќе биде подобро ако лажат или ако ги разубавуваат работите. Погледнете за што лажат мажите на првиот состанок.

Финансиска состојба
Без разлика дали сакаат да го признаат тоа или не, жените најчесто им судат мажите според финансиската состојба и способноста да се грижат за семејството. Токму поради тоа, мажите често имаат тенденција да лажат за својата заработка или да се фалат со автомобили, со часовници или со сличен имот за да ја импресионираат потенцијалната партнерка.

Станбено прашање
Ако признае дека живее со цимерот или со родителите уште на првиот состанок, тоа нема многу да ве воодушеви. Тој најверојатно ќе рече дека живее сам, а својот цимер ќе го нарекува пријател на кого му прави услуга да преспие кај него неколку дена.

Излегување со други жени
Ова е навистина една од најчестите лаги на првиот состанок. Секако дека нема да ви каже дека пред некој ден на вашето место имало друга девојка затоа што не сака да се претстави како женкар.

Фитнес навики
Слушнал дека стомачните мускули кај мажите ви се слаба точка, па може да ве излаже дека штотуку започнал да работи на нив, петпати неделно, во теретана (каде што најверојатно не е ни зачленет).

Последно раскинување
Ако изневерил или направил нешто слично во претходната врска, веројатно тоа нема да го дознаете толку брзо, особено на првиот состанок.

Вистинските намери со вас
Можеби тој навистина сака да има стабилна врска со вас, а можеби го кажува тоа само за да ве однесе во својот кревет. Тешко е да ги знаете неговите намери, особено ако не го познавате од порано.

извор:кафепеуза.мк