Љубов и Секс

Музика за време на секс?

Музика за време на секс?

За многу луѓе, добра музичка плеј листа во позадина, е неопходен елемент за добро сексуалното искуство. Но ова не е случајот кај сите и исто така многу луѓе сметаат дека музика за време на секс пречи во интимното уживање.

Што вели науката за ова, дали музика за време на секс е добра идеја или не?

Истражувачи од универзитети дошле до заклучок дека слушањето на музика во било која ситуација е добро за луѓето, бидејќи ослободува допамин, што прави да се чувствувате добро, а исто така се ослободува кога правиме убави работи кои не исполнуваат, како јадење, спиење и секс.
Друго истражување пак, докажало дека слушањето на одредена музика влијае стимулативно на телото и го зголемува пулсот, работата на срцето и осетливоста на кожата.

Исто така, докажано е и дека слушањето музика помага во фокусирање на една работа која ја правиме во моментот , што значи дека помалку ни се одвлекува вниманието од околина.
Сето ова води до фактот дека за да го зголемите лачењето на допамин и да се чувствувате подобро, треба да искомбинирате повеќе вакви активности, на пример слушање музика додека имате секс – активност на која максимално ќе бидете посветени и во која ќе уживате.