Љубов и Секс

Може ли сексот да биде замена за тренинг? Еве колку калории ќе потрошите

Може ли сексот да биде замена за тренинг? Еве колку калории ќе потрошите

Кога размислувате на физичка активност ви паѓа на памет трчање, кревање тегови, пливање. Но, што е со сексот?

Што велат истражувањата?

Неколку студии објавени во последните неколку години се занимаваа со прашањето колку калории се трошат за време на секс. Едно од тие истражувања проучуваше 21 хетеросексуалец во раните 20-ти.

Резултатите покажаа дека мажите во тек на 24-минутно водење љубов согоруваат 101 калорија(4,2 калории во минута). Жените согоруваат 69 калории(3,1 калорија во минута).

Доколку трчате на трака за трчање, со умерен интензитет, согорувате 276 калории мажи, а 213 калории жени.

Што значат овие резултати? Со сексот не се согоруваат толку калории како со вежбањето со умерен интензитет, но бројот на согорени калории е значаен доколку немате време за тренинг.

Други истражувања покажуваат поинакво трошење на калории во текот на водење љубов, но точно е дека луѓето трошат 3 до 4 калории во минута, пишува Healthline.

Но, освен согорување калории, сексот има многу други придобивки за вашето здравје.

Во истражувањето учествуваа повеќе од 15 илјади луѓе, а научниците заклучија дека има шест причини зошто редовниот секс е добар за здравјето.

Го зајакнува имунитетот

Во овој период е особено важно да внимавате на вашето здравје, а со сексот со сигурност ќе го зајакнете имунитетот, се вели во заклучокот од истражувањето.

Студијата од 2004 година откри дека луѓето кои имаат односи барем три пати неделно имаат 30% зголемен имуноглобин.

Се лачат хормоните на среќа

Ендорфин, окситоцин и допамин се главните хормони кои се лачат за време на сексуалниот однос. Ќе се чувствате посреќно и ќе се ослободите од секојдневниот стрес.

Ја намалува болката

Не одбивајте го партнерот доколку имате главоболка. Научниците докажаа дека оргазмот ги ублажува менструалните грчеви, болките во грбот. Во текот на сексот доаѓа до висока концентрација на ендорфин кој го олеснува чувството на болка.

Го намалува крвниот притисок

Редовните сексуални односи се природен лек за намалување на крвниот притисок и имаат речиси исто влијание како и лековите, се заклучува во истражувањето.

Сексот го намалува крвниот притисок за дури 13% во текот на наредниот ден.

Сексот го намалува и ризикот од рак на простата, што е од особена важност за вашиот партнер.

За подобар сон

Со ослободувањето на окситоцин се добива чувство на поспаност, а оргазмот ќе го подобри сонот. Сексот исто така ја подобрува и работата на мозокот и влијае на меморијата.

извор: Кајгана