Љубов и Секс

Методот 2/2/2 на познатиот психолог е проверен рецепт за среќен брак: Еве зошто сите парови треба да се водат по овие правила

Методот 2/2/2 на познатиот психолог е проверен рецепт за среќен брак: Еве зошто сите парови треба да се водат по овие правила

Познатиот психолог Иванов создал добитна формула која ветува дека брачната среќа засекогаш ќе трае.

По години работа со брачни парови, тој ја осмислил методата 2/2/2 која има за цел да ја одржи страста во врската.

„Сакате во текот на целиот брак да ја задржите романсата како на почетокот на врската? Одговорот е навистина едноставен – редовно одете на состаноци со партнерот“.

Психологот напоменува дека е многу важно партнерите редовно да одвојуваат време само за нив двајца.

„Поминете време во некој романтичен амбиент, подалеку од домот, децата и обврските. Тоа ќе ја одржи страста помеѓу вас. Многу е важно барем на неколку часа да заборавите на потешкотиите и грижите и потполно да се фокусирате еден на друг“.

Сè се сведува на бројот 2 односно правилото наречено „2/2/2“.

– на секои 2 недели поминете една вечер заедно и излезете на состанок

– на секои 2 месеци овозможете си романтично викенд патување

– на секои 2 години разделете се на една недела. Ова дополнително ќе ја зајакне страста и ќе направи да сфатите зошто сакате да живеете со партнерот.

„Бракот не значи крај на забавата. Излегувањата, романтичните вечери, одењето во кино – тоа не смее да исчезне кога ќе го изговорите судбоносното ‘да’“, вели Иванов.

Понекогаш на партнерите им е потребна потврда дека и двајцата се среќни и дека нивните чувства се посилни од претходно. Дури и ако сте опкружени со проблеми, издвојте време за вас двајца и потсетете се зошто сте заедно. Љубовта е главен двигател.

извор: точка.мк