Љубов и Секс

Мажите не можат да им одолеат на жените родени во овие три знаци

Мажите не можат да им одолеат на жените родени во овие три знаци

На жените родени во знакот на Бик, Близнак и Јарец мажите тешко можат да им одолеат поради нивниот неодолив шарм. Тие, исто така, пленат со нивната смисла за хумор и за нив воопшто не претставува проблем да пронајдат партнер.

Бик
Не постои маж кој може да одолее на нејзиниот шарм, убавина или сила. Жената Бик е секогаш најгласна во просторијата. Ги привлекува мажите со нејзината духовитост и поседува силни лидерски вештини, затоа е склона на организација и контрола. Зрачи со внатрешна и надворешна убавина.

Близнаци
Жената Близнаци има традиционална убавина која обично може да ја видите само во старите филмови и секогаш се однесува како вистинска дама. Умее добро да ги „чита“ луѓето, па затоа немојте да ѝ продавате приказни кои таа нема да ги купи. Жените родени во овој знак имаат маркантен поглед па кога ќе погледнете во нивните очи, нема да им одолеете. Веднаш ќе се вљубите во нив.

Јарец
Не сакаат секс за една вечер, ниту кратки врски, никогаш нема да бидат со некого само поради краткотрајно уживање. Попрво би останала сама отколку да се задоволи со помалку од тоа што го заслужува. Интелигентна е, па со неа разговорите ќе ви бидат интересни и ќе научите работи кои претходно не сте ги знаеле.

Жената Јарец е силна и секогаш ги постигнува нејзините цели, без разлика колку време е потребно за тоа. Оваа жена никогаш не би била во насилна или токсична врска бидејќи се почитува себеси доволно за да не дозволи некој маж да ја контролира.

извор: кајгана