Љубов и Секс

Луѓето кои ја јадат оваа храна три пати неделно имаат повеќе шанси за секс и потомство: Проверете дали сте меѓу нив

Луѓето кои ја јадат оваа храна три пати неделно имаат повеќе шанси за секс и потомство: Проверете дали сте меѓу нив

Двојките кои јадат морска храна имаат повеќе сексуални односи и се со поголема веројатност да дојдат до потомство, велат американските истражувачи.

Научниците една година вршеа истражување на 500 парови во Мичиген и Тексас, барајќи од нив да водат евиденција колку морска храна внеле, како и колку често имаат сексуални односи. Студијата покажа дека шансите за сексуален однос се 39 отсто повисоки во тие денови кога двојката консумирала морски плодови, а до крајот на истражувањето 92 проценти од двојките кои конзумирале морски специјалитети најмалку двапати неделно зачнале, во споредба со 79 отсто од оние што јаделе помалку риба и школки.

Поврзаноста помеѓу морските плодови и плодноста останал ист, земајќи ја предвид зачестеноста на сексуалните односи.

„Додека зголемувањето на сексуалната активност може да биде механизам за однесување кој го поврзува внесот на морската храна и повисоката фертилизација, тоа не е единствениот механизам”, рече Одри Гаскинс, нутриционист во јавното здравство во Харвард, Бостон.

„Ние веруваме дека забележаниот однос на морските плодови и плодноста, без оглед на сексуалната активност, може да биде резултат на подобрување на квалитетот на семето, менструалниот циклус и квалитетот на ембрионот.

Раните истражувања ги покажаа позитивните ефекти од зголемениот внес на морска храна и масни киселини.

Лекарите советуваат пациентите да јадат најмалку два пати неделно риба богата со омега-3 масни киселини како лосос, скуша, харинга или туна, бидејќи внесувањето на овие киселини е поврзано со намалување на ризикот од срцев и мозочен удар. Жените кои сакаат да забременат се советуваат да не јадат риба повеќе од три пати неделно за да го избегнат внесувањето на жива што може да предизвика конгенитални детски нарушувања, а најмногу ја има во скушата и туната.

Со ова истражување утврдено е дека мажите кои јаделе повеќе морска храна во годината пред студијата имале почести сексуални односи отколку мажите кои јаделе помалку морска храна, додека кај жените овој однос не бил толку јасен.

На шансите за зачнување не влијаело тоа колку морска храна конзумирал парот  во текот на годината пред студијата.