Љубов и Секс

Лош здив и неписменост – знаци дека првиот состанок ќе ви биде и последен

Лош здив и неписменост – знаци дека првиот состанок ќе ви биде и последен

Ако не сте добиле повратен повик или порака по првиот состанок со потенцијална партнерка, тоа може да значи дека покрај првичната заинтересираност, нешто кај вас ја обесхрабрило во намерата да продолжите да се гледате.

Некултура и нехигиена се на врвот на листата со работи што им се одбивни на жените.

Веб-страницата Men’s Health споделува искуства на вистински жени кои откриваат кои се работите што најмногу им пречат на прв состанок.

Меѓу најчесто спомнуваните е неписменоста, а тоа го потврдува и 30-годишната Лорен.

„Кога се запознавам со момци преку интернет најмногу ми пречи кога некој е неписмен. Нема врска колку е убав или згоден, ако не знае да пишува, ми станува одбивен“, вели таа и додава дека со тоа пропаѓа и шансата воопшто да излезат на состанок.

Неписменоста се однесува и на општа некултура, неинформираност и неначитаност на мажот како изразена карактеристика.

Други нагласуваат дека многу им е важно како мириса мажот.

„Кога се запознавате за прв пат, веднаш ќе забележите дали мириса добро или лошо. Лошиот мирис дефинитивно е нешто што ги одбива жените, а тука спаѓа и лошиот здив. Тоа сеќавање останува длабоко врежано во мозокот и нема враќање оттаму“, вели Ешли.

извор: кајгана