Љубов и Секс

Љубовен хороскоп за декември 2019 година

Љубовен хороскоп за декември 2019 година

Овен

Овој месец ќе биде предизвик за Овните кои се во врска. Ќе ви биде тешко да ги разберете потребите на својот партнер, а ако сакате да зборувате за некоја деликатна тема, можеби најдобро е вие да не го започнувате таквиот разговор, колку и да ви предизвикува стрес таквата ситуација. Сега е време да се фокусирате на други работи. Избегнувајте конфликти бидејќи тензијата е присутна меѓу вас, но пробајте да направите нешто ново, тоа ќе ви годи.

Слободните Овни пред себе може да имаат возбудлив љубовен месец. Декември носи убави моменти пред себе, а со нив може да дојде и сериозен флерт. Пред да се впуштите во нешто посериозно, обрнете внимание на тоа што го сакате за себе и тоа што ви е потребно сега.

Бик

Доаѓа време кога Биковите во врска ќе сакаат сето свое слободно време да го поминат со саканата личност. Нема да сакате да бидете никаде освен покрај нив. Ве очекуваат интимни разговори, долги ноќи и подобрување на односите меѓу двајцата. Можеби некогаш ќе сакате да бидете сами со своите мисли, но тоа не е секогаш паметно. Не се задлабочувајте во непотребни анализи, тоа нема да биде добро за вас. Ова е месец за љубовно уживање.

Слободните Бикови ќе се радуваат на промените кои следат на љубовен план. Прифаќање на себеси е првиот чекор за да започнете со плановите кои следат. Ако патувате во текот на декември, тоа ќе ви донесе потенцијални љубовни авантури, но секако не брзајте во започнување на нешто, туку успорете малку и добро раззмислете. Не донесувајте нагли заклучоци и не ги споделувајте со другите, бидејќи тие би можеле да го искористат тоа против вас.

Близнаци

Близнаците кои се во романтичен однос ќе бидат преплавени со емоции во текот на декември. Страста ќе се гледа на вас, а нема да сакате да се тргнете од саканата личност. Бидете благодарни што имате добра личност покрај себе, но исто така избегнувајте нагли одлуки. Едноставно уживајте, убав период е пред вас.

Слободните Близнаци ќе имаат проблеми со своето однесување. Нема да знаете како да ги изразите своите емоции, па тоа ќе ги нервира другите. Можеби е добар момент да бидете сами и добро да размислите за своите идни планови. Некој од вашите пријатели може да ви стане нешто повеќе.

Рак

Ако сте во врска – избегнувајте конфликти. Не е време да се впуштате во кавги со саканата личност бидејќи така само вие ќе изгубите. Пробајте да се смирите, дури и во најлошите ситуации, ако сакате да го задржите вашиот однос. Пробајте да ја гледате ситуацијата од друг агол и своите емоции да ги оставите на страна, барем одреден период. Ќе дојде време и за нив, но не сега.

Слободните Ракови треба да го насочат своето внимание кон себеси. Поработете на својот изглед, променете ја фризурата, пробајте нов начин на облекување. Сменете нешто кај себе што ќе ве направи среќни, но направете го тоа за себе, а не за другите.

Прво треба да се посветите на себе, пред да донесете одлука да бидете со друга личност.

Лав

Кога станува збор за Лавовите кои се во врска, Декември ќе биде убав месец. Имате големи планови, од купување стан до мали патувања и ситници, но сепак треба да останете реални и да делувате во согласност со вашите можности. Не е пожено да брзате во таквите одлуки, не е момент заедно да направите нешто големо, без оглед на тоа колку сте заедно. Уживајте во убавината на празниците, заеднички поминатото време и бидете благодарни што се имате еден со друг.

Слободните Лавови во овој период ќе бидат насочени кон своето друштво. Имате многу додворувачи, но сега прашањето е кој е вашиот вистински избор. Обрнете внимание на луѓето околу себе, твоите блиски пријатели би можеле да ви дадат конструктивен совет. Направете добра проценка, одлучете што е најдобро за себе.

Девица

Девиците кои се во врска ги очекува напнат месец со партнерот. Стресот кој е насобран изминатите месеци ќе го насочите кон саканата личност и нема многу да размислувате дали тие го заслужуваат тоа. Пробајте да се смирите и да ги исклучите таквите гласови. Ќе ви годи патување, тоа ќе ви дојде добро овој период.

Слободните Девици треба да бидат трпеливи. Моменталниот аспект на ѕвездите е доволен за да ве охбрабри за да почнете да чувствувате страст. Бидете внимателни во комуникацијата со новите луѓе, бидејќи што и да кажете ќе биде долго анализирано.

Сепак, овој месец ново познанство може да ве однесе надвор од земјата.

Вага

Вагите кои се во врска ќе имаат декември како од филм. Ова е месец во кој со партнерот ќе уживате во секој момент и ќе биде невозможно да се раздвоите. Со тоа ќе бидете мотивирани да пробате и некои нови нешта. Постојат одредени луѓе кои ќе сакаат да ви дадат совет, но добро размислете кои се нивните намери.

Слободните Ваги пред себе имаат драматичен љубовен месец. Вашите емоции ќе бидат посилно изразени од вообичаено, па така вашето срце може да ја препознае вистинската личност за вас. Свртете се околу себе, уживајте и изберете ја онаа личност која највеќе ви одговара.

Шкорпија

Овој месец ќе биде турбулентен за Шкорпиите кои се во врска. Доаѓаат несогласувања и разочарувања, но морате да го послушате советот на своите најблиски и да се смирите. Постојано ќе зрачите со негативна енергија, а тоа е резултат на лошиот љубовен однос. Ако мислите дека можете да го поправите односот со саканата личност, направете го тоа. Обидете се. Не можете да изгубите повеќе одошто сте изгубиле досега. Ако не оди, тогаш е време за крај.

Слободните Шкорпии би требало да се посветат на себеси и блиските луѓе како семејството и пријателите. Не е време за љубов, по бурната година која ја имавте можеби не е најдобра идеја да се впуштите во некаков однос. Ќе дојде време и за тоа, сега не е моментот.

Стрелец

Ако сте во љубовен однос, време е да си воспоставите некои правила кон кои ќе се придржувате. Партнерот го игнорирате без некоја посебна причина, но на тоа мора да дојде крај. Не гледајте само за себеси, туку посветете се. Пробајте да предложите некои работи кои ќе ги правите заедно, а добро би ви дошло кратко патување. Поработете на својот однос.

Слободните Стрелци мораат да научат да бидат трпеливи. Не морате да го наметнувате своето мислење на другите луѓе, нема потреба за тоа. Тргнете во љубовен поход, но само кога точно ќе знаете што сакате.

Јарец

Ако сте во врска, вашиот љубовен однос ќе биде чуден. Малку ќе се сакате, малку ќе се игнорирате, и така се до втората половина на декември. Тогаш ќе ве обземе љубовна енергија и ќе уживате во романтиката. Бидете трпеливи.

Слободните Јарци ќе бидат во дилема дали да влезат во нов љубовен однос, па така ќе мораат да ги разгледаат сите причини и факти за да донесат одлука дали им е потребен таквиот однос. Емоциите нема да бидат вашата силна страна, но импулсивноста може да ве донесе во љубовен однос во кој многу нема да уживате.

Водолија

Ако сте во врска, не треба да продолжувате да ги потиснувате своите емоции само за доброто на врската. Вие можеби и не гледате иднина во ваквиот однос, но постојано ги спуштате своите стандарди а и самите не знаете зошто. Решете ги работите до крајот на годината, а потоа посветете се на нов убав почеток во 2020.

Слободните Водолии ќе мораат самите со себе да ги решат своите емотивни проблеми кои веќе почнуваат да им влијаат на самодовербата. Советите од блиските можат да бидат од огромна помош, но потрудете се да ги послушате. Ништо нема да постигнете со потиснување на своите емоции.

Риби

Бидете флексибилни во својата врска, за да не заврши лошо. Нервозни сте, но празничното расположение ќе разбуди убава страна во вас. Ќе уживате во љубовниот однос и ќе ви биде прекрасно. Но, дотогаш…издржете.

Оние кои не се во врска, не треба да се форсираат да постигнат нешто бидејќи само ќе им се удри од глава. Животот ќе донесе убави моменти, но декември е месец во кој работите нема да доаѓаат така лесно. Не форсирајте, опуштете се.

извор:нетпресс.ком.мк