Љубов и Секс

Колку трае сексот во долгите врски?

Колку трае сексот во долгите врски?

Др. Брендан Зиетч од Универзитетот во Квинсленд тврди дека најточен и најискрен податок за издржливоста во спалната соба се наоѓа во студијата објавена во „The Journal of Sexual Medicine“.

Студијата претставува истражување за сексуалните однесувања во стабилните долги врски во кое учествувале 500 пара. Во него биле опфатени парови од Холандија, Англија, Шпанија, Турција и САД при што се мерело времетраењето на сексот од пенетрацијата до ејакулација.

Според истражувањето се покажало дека просечно времетраење на сексуалниот однос без предигра во споменатите земји бил 5,4 минути.

Најбрзи биле Турците со 3,7 минути, додека мажите од другите земји можеле да издржат од 6 до 7 минути.

Исто така студијата покажала дека помладите мажи биле поиздржливи па така оние до 30 години издржувале 6,5 минути додека постарите од 51 година 4,3 минути.

извор:попара.мк