Љубов и Секс

Колку секс е навистина потребно за среќна врска?

Колку секс е навистина потребно за среќна врска?

Луѓето се посреќни во врска во која сексот е важен дел, но досегашните истражувања не покажале колку секс е потребно за чувство на задоволство и поврзаност со партнерот.

Има ли сексот неограничено влијание на стресот или постои доза според која е доволен, се запрашаа научниците од Универзитетот Торонто. Нивното истражување откри колку точно секс е потребно за среќа во долга врска или во брак, пренесе Huffington Post.

Според 23-годишна студија спроведена на 25.000 луѓе, идеално е да се води љубов еднаш неделно. Повеќе секс секако не е лошо, но во подолгите врски и во бракот, количината на среќа останува иста ако станува збор за секс еднаш или двапати неделно, а проблем е ако има помалку од тоа.

„Ова е добар потсетник за паровите да не чувствуваат притисок дека треба да имаат секс секој ден или секој втор ден. Сепак, сексот не треба да се запостави и луѓето треба да се трудат околу него, а со водење љубов еднаш неделно ќе го одржат нивото на интимност и страст“, вели Ејми Мјуиз, авторка на студијата.

Таа додава дека таа количина на секс не се однесува на новите парови, кои по непишано правило почесто имаат секс.

изворЧ Kajгана