Љубов и Секс

Колку често сексот за една вечер се развива во сериозна врска?

Колку често сексот за една вечер се развива во сериозна врска?
She is love of my life

Не мора да значи дека сексот за една вечер може да заврши само на таа вечер. Различни истражувања покажуваат дека таквата средба може да се развие и во сериозна врска.

Антропологот Хелен Фишер во едно истражување направила анкета на 5.000 испитаници токму на оваа тема. 27 проценти од нив признале дека барем еднаш доживеале по сексот на една ноќ да се развие сериозна врска.

Ова и не е толку изненадувачки, со оглед на тоа што самците од почеток сакаат да дознаат сè што е можно за потенцијалниот животен партнер. Можеби звучи неромантично, но и таа една ноќ е еден вид тест.

Кога станува збор за сексот, во моментот на екстаза телото ослободува допамин, а експертите сметаат дека тој хормон на среќата може да доведе до тоа да се вљубиме во другиот. До овој резултат дошол и психологот Џејмс Фаус од Монтреал и тоа во различни истражувања. Тој открил дека сексуалната страст и чувството на љубов се едно покрај друго во мозокот. Ако се активира центарот за награда и страст во мозокот за време на сексот, наскоро ќе сакаме уште од тоа. Токму од тоа, во најдобриот случај, се создава длабока поврзаност.

Истражување во Ајова откри дека врските создадени по сексот за една вечер се исто така исполнети, како и оние кај кои се чека до секс. Освен исполнет сексуален живот за партнерство се важни и заедничките очекувања за иднината и заедничките вредности. Значи, личен вкус е дали ќе дојде до секс по првата средба или подоцна.

Како и да се одлучите, треба да внимавате на вашето сексуално здравје.

извор: Кајгана.мк