Љубов и Секс

Кои секс трендови ќе владеат во 2021?

Кои секс трендови ќе владеат во 2021?

Пандемијата, затворањето, повлекувањето во изолација, сето тоа влијае на сите аспекти од нашиот живот, па и на сексот. Новата година само што започна, па интересно е да дознаеме што велат експертите за тоа како ќе изгледа сексот во 2021 и што ќе се промени.

Експертот за секс Тиоми Морган за Metro одвои три тренда кои ќе бидат најзначајни.

Мастурбација

„Карантинот и инсистирањето на физичка дистанца доведе до тоа луѓето да го земат сексуалното задоволство во свои раце и тоа буквално кажано. Мастурбацијата е најбезбедниот начин да се задоволните, особено ако мора да се дистанцирате од партнерот“, вели Морган.

„За жените е многу важно што на овој начин го решаваат проблемот со достигнување оргазам во текот на класичен секс со пенетрација. Оргазмот на многу начини го подобрува нашето здравје, од подобрување на имунитетот до продукција на хормонот на среќа. Затоа е мастурбацијата многу важна“, наведе таа.

Секс играчки

„Верувам дека луѓето во 2021 година повеќе од претходно ќе купуваат секс играчки. Многу парови се насилно одвоени едни од други поради вирусот, а жените кои порано очекуваа задоволство од партнерот, сега самите ќе се погрижат за своето сексуално задоволство“, смета Тиоми.

Виртуелен секс

„Потребата да се збогати сексуалниот живот и да се прошират знаењата, како и сите ограничувања кои ги наметнува пандемијата, натера многу многу луѓе да се свртат кон интернетот и виртуелниот секс. Сè повеќе луѓе практикуваат дигитален секс со партнерите, настојувајќи на тој начин да го збогатат сексуалниот живот. Едноставно, љубовниците мора да се адаптираат на новата нормалност“, заклучува Морган.

извор: кајгана