Љубов и Секс

Кога обичниот флерт преминува во нешто сериозно? Обрнете внимание на овие работи…

Кога обичниот флерт преминува во нешто сериозно? Обрнете внимание на овие работи…

Невин флерт често прераснува во нешто многу посериозно, а границата е толку тенка што некои несвесно ја преминуваат. Психологот Сузан Краус Витбурн открива кога флертот преминува во нешто посериозно и кога е потребно да се повлече “рачната”.

Доколку избегнувате да му кажете на партнерот за вашиот флерт со друга личност, мора да се запрашате која е причината за вашето молчење. Или флертот не ви значи ништо или се плашите од реакцијата на партнерот, бидејќи започнавте да ја преминувате границата на флерт без обврска, што не е во ред доколку сте во сериозна врска

Ако долго флертувате со некој кој често го гледате, тоа не е проблем ако станува збор за погледи и шеги. Меѓутоа, доколку се потпирате на таа личност и во емотивен поглед и од неа барате поддршка, а тоа не го барате од партнерот, тогаш многу е веројатно дека емотивно го изневерувате.

Емотивното изневерување е всушност откривање на некои работи со личноста со која флертувате која сè уште не сте му ја откриле на вашиот партнер.

“Често се случува луѓето да бидат привлечени од некоја друга личност, тоа не значи дека вашата врска е во криза. Тогаш само може да се запрашате што добивате од личноста со која флертувате, а не можете да го добиете од партнерот и дали навистина вреди за да се распадне вашата врска”, рекла Сузан.

Многу е важно да бидете свесни на себе и на своето однесување, ако сте биле познат како некој кој претходно често флертувал и кој не може да му се посвети на една личност, тогаш немојте да се впуштате во сериозна врска, бидејќи така ќе повредите некој кој е подготвен да вложи многу труд и работа.

Ако размислувате за таа личност додека сте со партнерот, вашата врска е во вистинска опасност. Ако сте дошле до точка каде започнувате да чувствувате некои работи кон лицето со кое флертувате, сте дошле до точка каде нема враќање.

Кога ќе ја преминете границата, немојте да се правите дека ништо не се случува. Признајте си дека сте се заљубиле, размислете дали има смисла да започнете нешто со таа личност која ви се допаѓа и ако има, преминете на главната тема. Исто така, сфатете дека постои голема шанса со лицето со кое флертувате да не е вредно за распадот на вашата врска.

извор: точка.мк