Љубов и Секс

Кога барате маж важни се само овие две работи

Кога барате маж важни се само овие две работи

Кога барате личност со која ќе го поминете остатокот од животот, потребно е да обрнете внимание само на овие две нешта:

Правило број 1: Од самиот почеток сѐ мора да биде едноставно

Од моментот кога ќе се запознаете сѐ мора да биде едноставно и лесно. Ако почувствувате дека на таа личност можете да и кажете сѐ, ако почувствувате дека со него можете да одите насекаде и да правите сѐ тогаш тоа е тоа. Ако се договарате околу поголемиот дел од работите без проблем – не ја испуштајте таа личност!

Едноставно значи добро. Комплицирано значи лошо. Голема грешка е покрај себе да имате личност која бара од вас да се смените, прилагодите, да правите работи кои не ви се допаѓаат. Порано или подоцна ќе ви здодее да се менувате или нему да ве менува. Тоа е заморно и доколку постојано треба да се докажувате – тој не е за вас.

Правило број 2: Врската мора да донесе радост!

Доколку во врската не се чувствувате задоволно, среќно и исполнето – бегајте! Ако поради него патите и плачете тој не е човекот за вас. Не размислувајте многу: тоа едноставно не е нормално. Тоа е патот до пеколот.

Ако само едната личност во врската носи насмевки и позитивна енергија, таа врска е бесмислена. Многу луѓе со години молчат и остануваат во врски кои не ги исполнуваат. чекаат нешто да се промени. Но, таа промена нема да дојде никогаш. Доколку уште на почетокот нема разбирање и заедничка среќа – залудно е сѐ. Доколку неговите зборови ве растажуваат и нервираат, одете си во истиот момент. Врската со партнерот мора да биде нешто што ќе ве радува, нешто на кое ќе се потпрете кога ви е тешко на работа или кога имате некој проблем. Вашата друга половина мора да биде некој кој ќе знае и да ве насмее и да ве сослуша.

Тоа не е некоја наука – тоа е сосема едноставно!