Љубов и Секс

Кармичка врска – дали можете да ја препознаете и дали сте биле во таква врска?

Кармичка врска – дали можете да ја препознаете и дали сте биле во таква врска?

Ако некогаш сте почувствувале чудно чувство на дежаву што не можете да го објасните кога сте со некоја личност, можно е да сте во кармичка врска. Кармичката врска е дефинирана како врска што открива проблеми од друг живот. Верувањето кои стои зад кармичките врски е дека „тие ја одржуваат поврзаноста на душите од минатиот живот со сфаќање дека сè уште има некои недовршени работи во овој живот“.

Позадина

Идејата за кармички врски потекнува од хиндуизмот и будизмот. Најчесто зборот „карма“ се толкува негативно, но кармичкиот однос не е негативен, позитивен, романтичен или платонски, туку станува збор за нерешени прашања од минатиот живот. Тие проблеми се разликуваат во зависност од личноста. Ако се прашувате дали во моментов сте во кармичка врска или сте ја имале во минатото или сакате да знаете како изгледа, прочитајте го подеталниот опис на кармичките односи.

Што е тоа кармичка врска?

Кармичката врска во суштина служи како огледало. Ова значи дека може да биде и добро и лошо, во зависност од тоа што треба да научите од таа врска. Додека верувате дека партнерот со кој сте во кармичка врска е вашата сродна душа, веројатно ќе треба заедно да се соочите со некои предизвици за да може да ја сметате врската за кармичка. Во кармичките врски не цветаат секогаш рози. Наместо тоа, овие односи ги откриваат сите ваши слабости (трауми или проблеми што треба да ги решите за да станете подобра верзија од себе), како и вашите позитивни страни.

Како може да знаете дали сте во кармичка врска?

Во ваква врска, веројатно ќе имате многу силни чувства еден кон друг. Ќе се чувствувате како да ја познавате таа личност цел живот и покрај тоа што неодамна сте ја запознале. Можно е да доживеете дежаву заедно, да имате емоционални спомени или однос што изгледа како да ја предодредува вашата моментална врска. Исто така, можно е да се појават тешкотии кои изгледаат како да произлегуваат од ништо, како и да доживеете ментална и емоционална болка при помислата дека вашиот партнер ќе замине.

Дали ве плаши дежаву?

Од друга страна, ако чувствувате силна поврзаност со партнерот, но на негативен начин, тоа исто така може да биде знак дека сте во кармичка врска.

Апсолутно можете да почувствувате целосна паника и омраза кон некој што не ви направил ништо. Ако тоа е многу силна реакција и можете да утврдите дека не е резултат на траума од овој живот, можеби станува збор за кармичка врска.

Друг знак за кармичка врска е интензитетот. Кога сте во кармичка врска, таа веројатно се состои од еуфоричен напредок што ги надминува сите претходни врски.

Како се разликува кармичката врска од кој било друг вид интензивна врска?
Најголемата разлика помеѓу кармичката врска и која било друга интензивна врска е чувството на немоќ. Кога сте во кармичка врска, може да се чувствувате како вашиот партнер да е буквално дел од вашата душа, што може да ги отежни работите. Ако вашето тело или душа чувствува дека друга личност е дел од вас, вашето внатрешно самоодржување ќе го направи одвојувањето од неа речиси невозможно.

Иако прекинувањето на кармичката врска може да биде тешко, постои мотивирачки фактор, а тоа е дека вашата душа се обидува да ја научи лекцијата од минатиот живот.

Ако сте имале интензивни врски во минатото, споредете ги со врската за која мислите дека е кармичка и видете дали се разликуваат. Во повеќето некармички врски, но сепак интензивни врски, ќе останете заедно заради егото, гордоста, потребата и поврзаноста, додека кај кармичките врски тоа е многу подлабоко.

извор: кајгана