Љубов и Секс

Калориите можете да ги стопите со бакнување: 10 интересни придобивки од бакнувањето

Калориите можете да ги стопите со бакнување: 10 интересни придобивки од бакнувањето

Покрај тоа што носи чувство на удобност и може да послужи како дел од предиграта, бакнежот носи и голем број здравствени придобивки што ќе помогнат за подобро ментално и физичко здравје.

Едноставен бакнеж со партнерот е многу повеќе отколку што се чини на почетокот, па додека помага да се зајакне врската, во исто време може да ги потисне тешките симптоми на алергија или да стопи вишок калории.

Затоа, бакнежот ќе го гледате во поинакво светло и повеќе нема да ви треба извинување за малку дополнително бакнување.

Топи калории

Се разбира, бакнежот нема да стопи толку многу калории колку вежбањето, но тоа ќе го зајакне метаболизмот што ќе работи барем двапати побрзо.

– За време на одморот, повеќето луѓе трошат околу една калорија во минута. Но, кога станува збор за бакнеж, повеќето луѓе ќе стопат две до три калории во минута – тврди д-р Шерон Стилс, невропатолог.

Не одложувајте со тренингот за Зумба поради бакнеж, но не заборавајте да стопите неколку калории со бакнежи следниот пат кога ќе легнете на каучот со партнерот.

Се поврзувате посилно

Без разлика дали го сакате вашето дете или страсно го сакате партнерот, усните носат интимност и врска.

– Кога се бакнуваме, мажите и жените го произведуваат хормонот окситоцин. Обично се нарекува љубовен хормон затоа што овозможува посилни врски меѓу партнерите, вели професорот по биологија, Зора Маслар. Накратко, ги љубиме оние што ги сакаме и ги сакаме оние што ги љубиме.

Го подобрува сексот

Честиот секс помага на здравјето на срцето и самодовербата и нема подобар вовед во врска отколку бакнеж.

– Бакнежот е силен вид предигра и им овозможува на двајцата партнери да уживаат во добро еротско искуство – вели сексологот Керол Квин.

Спречува болест

Иако звучи неверојатно, размената на плунка може да помогне во борбата против вируси, особено ако бакнежот води кон секс. Студијата објавена во списанието „Медицински хипотези“ во 2009 година покажа дека жените развиваат имунитет против цитомегаловирус со бакнување на заразените партнери. Студијата спроведена на универзитетот Вилкс во 2004 година откри дека субјектите кои имаат секс барем двапати неделно развиле повисоко ниво на имуноглобулин антитело кое помага во борбата против инфекциите.

Го подобрува бракот

Паровите кои се бакнуваат често имаат посилни бракови, а бакнежот исто така може да ви помогне да го изберете вистинскиот партнер. Додека се бакнувате вашето тело споделува информации за имунитетниот систем на двата организми, а биолошки е многу важно партнерите во генетската слика за идното дете да влезат во различни гени за да обезбедат подобар опстанок. Затоа, ако бакнежот со партнерот резултира во гаснење на љубовниот пламен, тоа може да биде генетска неусогласеност.

извор: убавина и здравје