Љубов и Секс

Какви партнерки бираат хороскопските знаци? Овенот сака способни жени, а Лавот има цел список со барања

Какви партнерки бираат хороскопските знаци? Овенот сака способни жени, а Лавот има цел список со барања

Ова се карактеристиките што мажите ги бараат во идеалната партнерка, според хороскопскиот знак.

ОВЕН
Овните паѓаат на силни, способни и независни жени. Тие обожаваат жени кои кажуваат точно што мислат и не се двоумат да прифатат каков било предизвик. За Овните, вистинските афродизијаци се успехот и способноста.

БИК
Жената која е „како од учебник“ – забавна, женствена и вистинска поддршка, ќе го освои срцето на Бикот. Тој ќе направи сѐ за да ја задржи таквата жена откако ќе ја најде.

БЛИЗНАЦИ
Близнаците паѓаат на исклучително интелигентни и креативни жени, полни со смисла за хумор. Ако, како Шехерезада, успеете да го одушевувате и дење, и ноќе, тој ќе биде ваш.

РАК

Раковите сакаат жени кои во себе носат невиност и наивност, но и целосна посветеност кон нив. Ако исто така покажат ранливост и желба тој да ги заштити – готови се!

ЛАВ

Лавовите сакаат жени со отворен ум, полни со самодоверба. Овие мажи паѓаат на жени кои се секогаш средени, негувани, од петите па сè до веѓите. Телото мора да биде совршено, а фризурата секогаш средена. И не само тоа! Списокот со барања на мажот Лав продолжува со тоа дека жената треба да биде исклучително образована, интелигентна, успешна и духовита.

ДЕВИЦА

Мажите во овој знак паѓаат на типот на „девојка од соседството“ – таа е симпатична, но не и фатална, и многу интелигентна. Таа е чувствителна, водена од логиката и многу лојална. Девиците не сакаат премногу емотивни реакции.

ВАГА

Вагите веруваат во идеални врски, па затоа секогаш ја бараат вистинската. Тие сакаат убава, самоуверена, интелигентна жена која ќе ги поддржува и ќе им биде верна до крај.

СКОРПИЈА

Скорпиите сакаат да бидат најдобри и да го имаат најдоброто. Овие мажи бараат жена која „пука“ од сексапил, да е паметна, авантуристички настроена, страсна, спортски тип и независна.

СТРЕЛЕЦ

Стрелецот сака енергична жена која постојано ќе му поставува нови предизвици и ќе го следи во неговите авантури без никакви проблеми и забелешки.

ЈАРЕЦ

На Јарците им треба цела вечност за да се заљубат во некого – но токму затоа тие бараат жена која трпеливо ќе ги чека. Тие сакаат жената да е секси, но не и вулгарна, приврзана, но не зависна и жена која има богат социјален живот покрај партнерот. И како приоритет, да има успешна кариера.

ВОДОЛИЈА

Мажот Водолија бега од жени кои бараат многу. Тој сака независна жена која нема да ги следи неговите стапки, туку ќе може да води живот одделен од него, без да прашува каде е, со кого е.

РИБИ

Мажите родени во знакот Риби често се заљубуваат, но она што навистина го бараат е нежна, дарежлива жена со отворен ум, која сака уметност и животни.

извор: кајгана