Љубов и Секс

Какви лаги кажуваат жените, а какви мажите? Ова се најчестите изговори на прељубниците

Какви лаги кажуваат жените, а какви мажите? Ова се најчестите изговори на прељубниците

Понекогаш изгледа дека дружењето со љубовникот или љубовницата бара прилично сложена организација.

За почеток, потребно е да смислите добра лага поради која партнерот нема да се посомнева дека го изневерувате.

Но, изгледа дека повеќето луѓе сепак немаат бујна фантазија, туку се потпираат на проверените класици, за да го оправдаат своето излегување од дома.

Интернет платформата „Illicit Encounters“ направиле истражување со 2.000 нивни корисници за да ги откријат најчестите лаги на прељубниците.

Жените често се правдаат:

– Со одење во теретана
– Ноќно излегување со другарките
– Долг работен ден, па поради тоа ќе останат до доцна навечер
– Дружење после работа
– Прошетка со кучето
– Шопинг
– Посета на роднините
– Средба со најдобрата пријателка
– Козметички третман
– Спортување

На мажите им се омилени овие оправдувања:

– Гледање фудбал
– Играње голф
– Работа до доцна
– Дружење после работа
– Излегување со другарите
– Прошетка со кучето
– Теретана
– Спортување
– Дружење со најдобриот пријател
– Посета на роднини

Со други зборови, ниту мажите ниту жените не фантазираат премногу и горе-долу имаат исти изговори. Па затоа, ако вашиот партнер или партнерка открие досега непостоечка желба за почесто одење во теретана – има зошто да се сомневате.

извор: точка.мк