Љубов и Секс

Како да знаете дека е крај на врската, дури и ако сè уште го сакате партнерот?

Како да знаете дека е крај на врската, дури и ако сè уште го сакате партнерот?

Ако сте биле во несреќна врска, знаете колку е тешко да се донесе одлуката да раскинете и да го напуштите партнерот. Но, не е лесно ниту да откриете дека е време да раскинете. Сепак, ако размислувате да раскинете, тогаш треба да ги препознаете знаците што ви укажуваат дека веќе ништо не може да се направи за да ја спасите врската.

Раскинувањето може да биде премногу болно, но понекогаш е потребно за да можете да пронајдете поголема среќа. Овие 3 знаци покажуваат дека вашата врска е завршена и дека треба да се раскинете и да продолжите понатаму.

1. Сакањето на партнерот ви предизвикува емотивна болка
Ако сметате дека постојано ве боли додека се обидувате да го сакате вашиот партнер, оваа врска можеби нема да се подобри.

На пример, ако аргументите растат во сè поголеми и поболни расправии, тогаш таа врска ве повредува наместо да ве усреќува.

2. Едниот од вас едноставно не може веќе да простува
Кога еден од вас постојано ги преминува границите на довербата и на меѓусебното почитување, другата личност ќе се измори од постојаното простување за таквите постапки.

Кога некој веќе не може да простува, врската обично завршува.

3. Едниот од вас престанал да се обидува
Ако едниот партнер во врската престане да се обидува, тогаш најверојатно, и другиот партнер ќе престане да се обидува со текот на времето.

Така, вашиот однос ќе стагнира бидејќи овој циклус на невложување труд во врската продолжува интензивно да се зајакнува.

Кога ќе дојде до тој момент, врската е прилично безнадежна и време е да го прекинете страдањето и да продолжите понатаму.

Ставете ѝ крај на врската кога веќе не сте среќни затоа што целта на врската е да ги направи двете страни посреќни и да им обезбеди подобар живот на партнерите. Ако тоа е безуспешно, нема поента да ја одржувате врската.

извор:кафепауза.мк