Љубов и Секс

Како да се ослободите од зависноста од порнографија?

Како да се ослободите од зависноста од порнографија?

Разни истражувања покажале дека четвртина од сите пребарувањана Интернет се за порнографска содржина. Порнографијата има влијание врз мозокот како дрога, и доколку настане зависност, личноста може да ја загуби работата, да го уништи бракот или врската и да стигне на самото дно. За среќа, постојат некои работи кои ќе ви помогнат да се изборите со оваа зависност.

1.Бидете одлучни
Порнографијата како зависност е речиси иста како и другите зависности, а за излегување од нејзиниот круг ви е потребна волја, желба и одлучност. Морате да најдете добра причина за да се ослободите од зависноста и да не бидете нејзин роб. Размислете за саканите, размислете за животот, размислете за што било што сакате.

2. Учете од другите
Многу жртви кои сакаат да се извлечат од некоја зависност, често се среќаваат со групи луѓе со исто искуство. Порнографијата е раширена и ја користат сите, но зависноста од порнографија предизвикува срам и тешко е да признаете дека имате проблем. За среќа постојат многу онлајн ссоветувалишта што можат да ви помогнат.

3. Приказни од Јутјуб
На Јутјуб можете да најдете безброј видеа од луѓе кои се соочувале со овој проблем и кои јавно зборуваат за нивната борба. Овие луѓе ќе ви објаснат што се случува и ќе ви докажат дека можете да се справите со проблемот.

4. Блокирајте ј порнографска содржина
Еден од начините да го намалите гледањето на филмови за возрасни е инсталација и употреба на програми што ќе ја блокираат порнографската содржина. И за ова ви е потребна волја, бидејќи лесно можете да ги исклучите програмите. Исто така, доколку имате личност на којашто вистински ѝ верувате, замолете ја да ги блокира овие содржини со лозинка што нема да ви ја каже.

5. Уништете ја офлајн порнографија
Порнографијата не постои само на Интернет, туку и во компјутерот, стари касети, весници, а потребно е да се ослободите од сето ова. Исто така внимавајте и на филмови со експлицитна содржина. Ослободете се од сè што ве потсетува на вашата навика и полесно ќе се справите со зависноста.

Важно е да знаете дека зависноста од порнографија е иста како и зависноста од алкохол и треба да се справувате постепено. Најважно е да бидете свесни за проблемот, а потоа ќе можете да го решите.

извор:кафепауза.мк