Љубов и Секс

Како да разликувате сексуална привлечност од вистинска љубов?

Како да разликувате сексуална привлечност од вистинска љубов?

Интензивната сексуална привлечност многу добро може да го замагли здравиот разум и интуицијата дури и кај најразумните луѓе, а причината за ова лежи во фактот дека страста е изменета состојба на свест програмирана од примарната потреба за репродукција.

Во оваа фаза, мозокот се однесува како да е на дрога, што е прикажано со скенирање на мозокот со магнетна резонанца, при што се гледа како областа на мозокот добила „посветла“ боја кога лицето доживува интензивна страст, односно станала активна исто како кога зависникот од дрога прима доза.

Во раните фази на врската, кога секс-хормоните дивеат, страста го добива своето „гориво“ од идеализацијата и проекцијата; кај личноста која е „напалена“ гледате она што таа личност може да биде, а не она што таа навистина е, заедно со нејзините маани.

Во книгата „Водич за интуитивно лекување“ на др. Џудит Орлоф, авторката ја објаснува разликата помеѓу страста и љубовта, како и техниките за подобрување на сексуалното здравје. Чистата страст се заснова единствено на физичката привлечност и имагинација, па затоа често исчезнува кога ќе почнеме да забележуваме дека вистинска личност се појавува под површината.

Во оваа фаза носиме „розови очила“ и убедени сме дека личноста која е предмет на нашата страст е совршена сама по себе. Но, заљубеноста не ја исклучува страста, а страста може да доведе до љубов, но на вистинската љубов која не се заснова на идеализација, ѝ треба време за да може целосно да се запознаеме со друга личност.

Ова се некои знаци по кои ќе можете да разликувате чиста страст од љубов.

Знаци на страст:

  • Целосно сте фокусирани на изгледот и телото на личноста
  • Заинтересирани сте за секс, но не и за разговор и комуникација
  • Повеќе би сакале да ја одржувате врската на ниво на фантазија отколку да зборувате за вистински чувства
  • Повеќе би сакале да ја оставите личноста веднаш по сексот отколку да спиете со неа, да се гушкате и да го поминете утрото заедно
  • Вие сте љубовници, но не и пријатели.

Знаци на љубов:

  • Покрај сексот, сакате да поминувате време заедно
  • Се губите во разговор со личноста и не сфаќате дека поминале часови откако сте заедно
  • Сакате искрено да ја сослушате таа личност, да ги разберете нејзините чувства и да сакате да е среќна
  • Тој или таа ве мотивира да бидете подобра личнос
  • Сакате да го запознаете семејство и пријателите на таа личност

Друг голем предизвик на сексуалната привлечност е да научите како да останете фокусирани и да ја слушате вашата интуиција во раните фази на врската. Со оглед на ролекостерот на хормони, ова не е најлесната работа на светот, но е неопходна при донесување здрави одлуки. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го задржите разумот кога некој ве привлекува. Ова не значи дека треба да ја „исклучите“ страста, туку само да бидете малку повеќе самосвесни за да влезете во неволја.

Негативни чувства за врската:

  • Необјасниво чувство кое ве предупредува дека работите нема да излезат на добро
  • Се чувствувате непријатно и исцрпено откако ќе поминете некое време заедно
  • Вашата привлечност делува деструктивна и малку мрачна
  • Не ви се допаѓа начинот на кој таа личност се однесува кон вас, но се плашите дека ако спомнете нешто за тоа, ќе ја оддалечите од себе.

извор: кајгана