Љубов и Секс

Како да ја одржите врската по неверство?

Како да ја одржите врската по неверство?

Парот кој заеднички решил да премине преку неверство, да го прости тој чин и да продолжи заедно, се соочува со бројни ризици, а најголемиот што може да биде токсичен е недовербата. И секако, останува прашањето дали неверството може повторно да се случи?

Да се прости нешто значи тоа засекогаш да се заборави и да се продолжи без потсетување на минатото, пишува Lovesensa. Ако сакате да ја продолжите врската со партнер кој ве изневерил, тоа значи дека сте одлучиле искрено да простите и започнете нова фаза.

Совети како да изградите здрава емотивна врска по неверство:

1. Пронајдете заедничко решение
Личноста која извршила неверство сака тоа да го остави зад себе и да продолжи напред, додека изневерената личност сака да зборува за тоа и да пронајде договори. Затоа е важен заедничкиот труд за да владее посакуваната атмосфера во врската или бракот.

2. Комуникација
Комуникацијата е најважна за одржување на врската, а по неверство е неопходна. Изневерената личност сака да знае сè, но прељубникот не сака да зборува за направената грешка. Важно е да се каже сè што се има, отворено и без криење.

3. Разбирање
Изневерената личност се чувствува вознемирено, бесно, разочарано, има недостаток на самодоверба и најчесто во комуникацијата користи зборови кои другата страна не сака да ги слушне.

Личноста која извршила неверство најчесто се повлекува и се труди што помалку да зборува за тоа што го направила. Доколку одлучат да останат заедно многу е важно да се разберат еден со друг, да ги намалат импулсивните реакции и отворено да разговараат.

4. Уживајте заедно
Обидете се да уживате еден со друг, да ги правите омилените работи, да патувате заедно, да се присетите на убавите спомени. Заедничките активности се важни за повторно да создадете емотивна конекција.

5. Допири
Почесто треба да се прегрнувате, бакнувате, да се држите за раце, да водите љубов. Поддржете се еден со друг во критичната фаза на врската и дозволете природно да се вратите во нормала, за да го продолжите заедничкиот живот.

извор: кајгана