Љубов и Секс

Како да го освоите мажот кој ви се допаѓа?

Како да го освоите мажот кој ви се допаѓа?

Ако сакате да научите како да го заведете и освоите мажот кој ви се допаѓа, тогаш овие едноставни совети на Рори Реј, жената која ги учи жените како да привлечат мажи, ќе ви бидат од голема корист.

Кога сакате да наведете некој маж да се вљуби во вас, природно е дека тоа ќе го правите покажувајќи му колку сте забавни, интересни, љубезни, паметни.

„Фокусирањето на тоа што тој го сака можеби делува како природен чекор, но тоа е најлошиот начин да заведете некого“, вели Рори.

Таа истакнува дека ако вие правите планови, му давате некакви совети, подароци и слично тој веројатно тоа ќе го цени, но по некое време ќе се повлече и ќе ве гледа како пријателка. Треба да ги разбудите неговите романтични чувства, но не и да го притискате.

Еве неколку нејзини совети:

1. Не му давајте повеќе од тоа што тој ви го дава вам

За да мотивирате романтични чувства кај некој маж мора да му покажете дека умеете да примите љубов.

„Мажите ги одбива тоа кога добиваат повеќе отколку што даваат. Ако го опсипувате со подароци, вечери, внимание, ќе го поттикнете во вас да гледа пријателка, мајка, наместо да развие романтични чувства и желба за вас“, вели Рори.

2. Не брзајте за врска

Не брзајте веднаш да започнете врска, запознајте се првин. Логично е да се прашувате во кој правец ќе се движи вашиот однос, но немојте да му го поставувате тоа прашање на почетокот при запознавање, советува Рори.

Наместо тоа уживајте во запознавањето, забавувајте се и почекајте да видите како работите ќе се довиваат.

3. Не планирајте состаноци

Можеби мислите дека е најдобро вие да ги планирате состаноците, отколку да дозволите тој да ве однесе на некое место.

„Нема да знаете за што сè е способен еден маж ако не го пуштите тоа да ви го покаже, дури и ако не направи ништо“, вели Рори.

Оставете го да биде свој, тоа што е, а вие одлучете дали сакате да бидете со него наместо да му ги наметнувате вашите желби и планови.

Според Рори, овие мали промени во размислувањето и однесувањето можат да го променат ставот на мажот кон вас и тој едноставно нема да може да ви одолее.

Извор: кајгана