Љубов и Секс

Како да го направите сексот повозбудлив за Нова година?

Како да го направите сексот повозбудлив за Нова година?

Празниците се оној магичен период од годината каде сите сакаме да даруваме нешто со цел на другите да им причиниме насмевка на лицето.

Доколку подарокот што го одбравте за Вашиот партнер не е доволен, или осеќате дека не е целосно задоволен од истиот, секогаш има начин како да ја подобрите ситуацијата. Запоменете и не е така битно што ќе ставите под елката, доколку практикувате некои од доле наведените совети.

СЕКС ИГРАЧКИ

Пробајте покрај редовниот новогодишен подарок да подметнете и некоја интересна секси играчка со која што ќе му надовестите на партнерот дека следи нешто интересно и возбудливо.

ТАЕН СЕКС

Тајниот секс можеби е и највозбудливото нешто за Вашиот парнтер доколку се случи сосема спонтано. Идејата за каде оставаме да биде Ваша одлука, во зависност од можностите и приликата кога ќе можете тоа да го изведете.

НОВОГОДИШНИ КОСТИМИ

Кога мислиме на Новогодишни костими тоа не значи дека треба да го практикувате клишето познато како Баба мразица во секси издание, напротив идете во најблиската продавница или побарајте по онлајн продавнциите и ќе најдете интересни костими на новогодишни кукли во машка и женска верзија. Можеби онлајн пребарувањето ќе ви открие и други интересни идеи.

ТРЕТИРАЈТЕ ГО КАКО РОДЕНДЕНСКИ СЕКС

Посветете му го целот ваше внимание а пробајте да остварите и некоја негова фантазија која одамна ја посакува.

УПОТРЕБЕТЕ СЛАТКИ ЗАДОВОСЛТВА

Шлагот и другите слатки остатоци не мора да завршат во кантата за отпадоци, напротив можете и на друг начин да ги искористите.

 ПАТУВАЊЕ

Можеби и најдобриот совет е да земете неколку дена и да ги потрошите на некое изолирано место без многу контакти со луѓе за да може целосно да се препуштите на сексуалните активности.