Љубов и Секс

Истражувањето открило колку време им е потребно на жените за да доживеат оргазам

Истражувањето открило колку време им е потребно на жените за да доживеат оргазам

Иако работите изгледаат беспрекорно во филмовие, треба да знаете дека сексот во реалниот живот многу се разликува од оној во Холивуд. Новата студија открива колку време е потребно за жената да го доживее врвот на сексуалниот однос.

Точно 645 жени од 21 различна земја учествувале во ова истражување во кое е користена штоперица за да се забележи колку време им треба на жените за да го достигнат врвот во нивната спална соба.

Научниците ова истражување го назначија како прво од овој вид, а неговата мисија била да ја иземри “латентноста на оргазмот“ т.е. времето од почетокот на возбудивање до оргазмот.

„The Journal of Sexual Medicine“, во кое се објавени резултати од тоа истражување, почетокот на возбудувањето го дефинираат како “интензивна желба за секс поради присуство на еротски стимулси кои ги овозможува вашиот партнер“.

За една просечна жена да доживее оргазам потребни биле 13 минути и 25 секунди, но загрижувачки е резултатот што една од шест жени во просек воопшто не доживеала оргазам.

Времето кое било потребно жените да доживат оргазам варирало со 5 минути од просечното време и доколку некогаш сте се прашувале дали годините или колку долго сте во врска со вашиот партнер влијае на времето кое е потребно да доживеете оргазам тогаш одговорот е не.

Иато така доколку ве интересира дали овој број може да се спореди со мажите, одговорот повторно е не. Тоа што треба да го знаете е тоа што на жените им е потребно дупло подолго време отколку на мажите за да постигнат оргазам.

Истажувањето од 2009-та година открива дека на мажите им се потребни 6 минути за да го доживеат својот врв.

извор: тпчка.мк