Љубов и Секс

Истражувањата покажуваат кои се најчестите фантазии во креветот

Истражувањата покажуваат кои се најчестите фантазии во креветот

Сексуалните фантазии сè уште се табу тема, но тоа е потребно да се надмине – барем така смета социјалниот психолог Џастин Лехмилер.

Тој спровел истражување во кое учествувале повеќе од 4000 Американци, а освен на прашањата за својата личност, тие морале да одговорат и на прашања за својот интимен живот, како и за сексуалните фантазии.

Интересно е дека дури 97 отсто од испитаниците во истражувањето признале дека имаат бројни сексуални фантазии, а ова се некои од најчестите:

Секс со повеќе личности
Ова е една од фантазиите за која повеќето се срамат да признаат. Иако во реалниот живот сексот со повеќе личности не е честа појава, постојат луѓе кои го практикуваат, а оние помалку храбрите само фантазираат за него.

Чувство на контрола
Без разлика дали фантазираат за тоа тие да ја водат играта во креветот или да бидат контролирани од друг, сексот поврзан со губење или добивање на чувство на контрола е една од најчестите фантазии кај двата пола.

Желба за промена
Нова локација, нова поза или воведување на секс играчки можат повторно да ја разгорат страста помеѓу љубовниците.

Забранет секс
Личности за кои не би требало да фантазирате или места на кои не е дозволено водење љубов се само некои од најчестите фантазии на многу луѓе.

извор:точка.ком.мк