Љубов и Секс

„Имам сексуален однос со тинејџер затоа што мојот сопруг е мрзелив и не се држи до себе“

„Имам сексуален однос со тинејџер затоа што мојот сопруг е мрзелив и не се држи до себе“

Британската секс колумнистка Деидре, ги разрешува сите дилеми на читателите, а последно ѝ се јавила некоја омажена жена која не е задоволна од својот брак па се впуштила во сексуална врска со својот сосед, кој е тинејџер.

За својот сопруг таа кажала дека е одличен татко, но бидејќи нивните ќерки поголемиот дел од времето не се дома, таа има чувство дека е запоставена.

„Не внимава на својот изглед, премногу пие и не сака да прави ништо со другите луѓе, никаде не одиме. Му пречи кога ќе повикам некој пријател кај нас дома за да се дружиме затоа што не може да гледа спорт на телевизија“ – се пожалила жената додавајќи дека имаат сексуален однос еднаш во две недели, а по сексот тој веднаш заспива.

Неодамна во нивното соседство се доселило семејство со 19-годишен син, а според зборовите на жената тој бил многу згоден.

„Ме потсетува на мојот сопруг кога беше млад. Еден ден тој не можеше да влезе во својот дом и ме праша дали може да се истушира кај мене, а јас се согласив. Му направив ручек, а тој стоеше гол пред туш кабината. Се сврте кон мене и го бакнав“ – опишала жената.

Тој ѝ признал дека му се допаѓа од првиот ден и имале секаулен однос. Оттогаш се гледаат секојдневно затоа што нејзиниот сопруг работи до доцна.

Колумнистката на списанието „The Sun“ ѝ кажала дека нема да има среќен крај доколку продолжи да спие со младото момче.

„Може ли да замислите што ќе кажат вашиот сопруг и ќерките на тоа? Бракот полн со страст не се одвива сам по себе, на него треба да работите. Прекинете ја таа афера, кажете му на сопругот дека сте несреќна и поработете на вашиот брак“ – ја советувала колумнистката.

извор:кармин/точка.ком.мк