Љубов и Секс

И на најсилните девојки им е потребна љубов

И на најсилните девојки им е потребна љубов

И на најсилните девојки им е потребна љубов.

Тие не ја сакаат осаменоста, не сакаат да бидат отфрлени, тие не сакаат да бидат некакви супер-хероини.

Тие секогаш самите се спасуваат, се креваат од подот, тие си се најдобри пријателки и свои најголеми обожаватели, но понекогаш сакаат да се потсетат на тоа како е да имаш некој кој ќе го прави сето тоа за нив.

И најсилните девојки се кршат.

Се кршат кога ќе им дојде сѐ преку глава, кога долго време биле силни и кога веќе не можат да издржат и попуштаат под притисокот.

И тогаш не можат да станат од кревет, затоа што нивните срца се тешки, не можат јасно да размислуваат затоа што нивните умови се расеани, а мислите хаотични.

Во тие моменти тие имаат чувство дека сѐ околу нив се распаѓа и дека нивната сила е клетва, а не благослов.

Ценете ги силните девојки и жени во вашиот живот и не претпоставувајте дека само затоа што изгледаат дека можат сѐ да направат сами, дека не треба понекогаш да им подадете рака и да им подарите нежност и љубов.