Љубов и Секс

Храна која го уништува вашиот сексуален апетит

Храна која го уништува вашиот сексуален апетит

За еден маж да го задржи оптималното ниво на тестостеронот и другите хормони кои му помагаат во неговиот „перформанс“ во креветот, мора да внимава и како се храни.

За сето тоа да функционира како што треба, влијанието на стресот треба да се сведе на минимум, но и да се зачува правилната работа на кардиоваскуларниот систем.
Што се однесува на храната и пијалаците, мора да се избегнуваат следниве:

Алкохол

Алкохолот може да создаде пречка меѓу мозокот и телото, а со тоа и да се намали протокот на крв која стигнува до интимните делови. Освен тоа, може да направи вашите сетила за затапат и да оставите впечаток на незаинтересираност.

Газирани сокови

Тие се полни со вештачки вкусови, шеќери, фруктозен сируп, а ништо од ова не оди во прилог на вашето либидо.

Пржена храна

Големите количини масло кои се користат во процесот на пржење предизвикуваат низа здравствени проблеми, дебелеат, ги затнуваат крвните садови, а може да опадне и нивото на тестостеронот.

Пуканки од микробранова

Додека пуканките подготвени на класичен начин се одлична опција, оние од микробранова се преполни со сол, путер и додатоци за вкус, како и перфлуорооктанионска киселина, која се поврзува со појавата на тумори во тестисите, како и со еректилна дисфункција.

извор: локално.мк