Љубов и Секс

Хороскопски знаци кои се опседнати со секс

Хороскопски знаци кои се опседнати со секс

Според астрологијата, некои хороскопски знаци се прилично повеќе опседнати со секс за разлика од останатите.

Откријте за кои знаци станува збор.

Овен

Луѓето родени во знакот на Овен се многу опседнати со секс и не се срамат тоа да го покажат. Ако му се допаднете на некој Овен тој бесрамно ќе ве мерка, директно ќе ве гледа во очи, а вие ќе имате чувство како со поглед да ве соблекува.

Овенот директно ќе ви стави до знаење дека му се допаѓате, дека сексуално го привлекувате, без оглед дали имате или немате партнер. Сексот со Овен е искуство за паметење.

Риби

Рибите не се разликуваат многу од Овните во погледот за сексот. И тие имаат изразено либидо и уживаат во сексуални авантури. Сакаат да уживаат во сексот неколку пати на ден, па тоа е една од причините зошто имаат проблеми да најдат партнер за долга врска.

Постојаните асоцијации на секс кои Рибите ги имаат умеат поприлично да ги изнервираат луѓето околу нив, пишува Her Way.

Вага

Кога станува збор за сексот, Вагата е ненаситна. Освен што уживаат во сексот, Вагите сакаат да експериментираат и затоа често ги менуваат партнерите.

Сакаат да имаат секс на невозможни места, предиграта со нив трае со часови и често доживуваат повеќекратни оргазми.

извор: Кајгана