Љубов и Секс

Хороскопски знаци кои избегнуваат врска од страв да не бидат повредени

Хороскопски знаци кои избегнуваат врска од страв да не бидат повредени

Кога со некој ќе започнете врска преземате ризик на крајот да останете повредени. Токму од тоа најмногу се плашат одредени хороскопски знаци кои даваат сè од себе да не се препуштат на емоциите и да не се врзат за другите луѓе, пишува Your Tango.

Овие хороскопски знаци бегаат од врски бидејќи се плашат дека на крајот ќе бидат повредени.

1. Водолија

И така се скржави во искажување емоции, одлични се во криење на чувствата и емотивната состојба. Колку помалку се врзат за некого толку помали се шансите да бидат повредени. Уживаат во друштвото на луѓе, но секогаш држат безбедно растојание. Навидум делуваат индиферентно, но тоа е само маска со која се штитат.

2. Стрелец

Стрелците сакаат работите да бидат лесни и едноставни. Припадниците на овие знаци ако биле повредени многу пати, не сакаат постојано да минуваат низ истото. За да избегнат врска, Стрелците често менуваат работи, најчесто својата локација. Но, проблемот е во тоа што Стрелците воопшто не се ладнокрвни, но едноставно им е полесно да ги игнорираат емоциите и да продолжат понатаму.

3. Девица

Емотивното воздржување за Девиците е всушност механизам на одбрана. Ако не им е до некого мислат дека се помали шансите да бидат повредени. Тие ќе бидат искрени и отворено ќе ви кажат дека моментално не се подготвени за врска, но дека во иднина би можеле да бидат. Припадниците на овој знак нема да ви дадат лажна надеж, ниту ќе ви ја разубават реалноста.

4. Вага

Вагите се плашат од секаква емотивна болка и страдање па затоа ќе одржуваат површен однос, без длабоки емоции. Тие не сакаат неволја, не сакаат да нервираат некого и не сакаат да скршат нечие срце. Попрво би биле на растојание и безбедни отколку да ризикуваат бидејќи често љубовта ја поврзуваат со страдање.

5. Близнаци

Близнаците најчесто избегнуваат врски и ги игнорираат сопствените чувства, чекаат да исчезнат. Ако почувствуваат дека некој е заинтересиран за нив, а Близнаците не се баш сигурни во тој човек, подготвени се да стават крај на врската пред таа и да започне, поради страв дека ќе бидат повредени.