Љубов и Секс

Грешки кои најчесто ги правите во кревет, а таа ги мрази

Грешки кои најчесто ги правите во кревет, а таа ги мрази

Сексот би требало да биде опуштен, но не сосема. Нападот на клиторисот, триење на брадавиците, оставање на искористениот кондом на масата… ова се некои од грешките кои машките ги прават.

1. Не се бричите редовно
На некој брадата од 3 дена им изгледа мажествено и секси, но кога неизбричено машко во жарот на страста пробува да се бакнува, го гребе женското тело и доведува до иритација. Звуковите кои женското ќе ги испушта нема да бидат од уживање, туку од болка.

2. Дишење во уво
Голема е разликата помеѓу еротското шепотење и дишење во уво и дишењето во уво за време на секс. Затоа бидете многу внимателни.

3. Не ги тријте нејзините брадавици
Брадавиците се многу чувствителни, и со нив треба многу нежно и внимателно. Запомнете дека женските брадавици не се копче на далечинското.

4. Фрлете го искористениот кондом
Во никој случај тоа не го оставајте на партнерот, а и немојте да го одложувате. Користениот презерватив е одговорност на оној кој го носи.

5. Не ги заборавајте бакнежите
Предиграта не мора да трае долго, но ако се префрлите на „главното јадење“ без ниеден бакнеж, женското може да се чувствува запоставено.

6. Напад на клиторисот
Бидете нежни и немојте директно да вршите притисок на клиторисот. Тоа може да биде незгодно и болно.

7. Не брзајте
Понекогаш брзиот секс е последица на жестоката страст и може да биде совршен, но морате да бидете свесни дека не сте на олимписки игри. Нема потреба да брзате како некој да ве брка. Забавате малку, и така двајцата ќе уживате.

8. Не ја прашувајте дали свршила
Машкото би требало да го знае тоа без да праша, зар не!? Но ако немате доволно искуство, никако не започнувајте разговор околу тоа за време на сексот или веднаш после тоа. Оставете го тоа прашање за подоцна.

9. Не ја стискајте нејзината глава надоле
Својата желба за орален секс можете да ја изразите на друг начин. А ако двајцата уживате во тоа, тоа ќе се случи само од себе, без употреба на некаква сила.

10. Сликање
Ако се договорите за фото-сесија, тоа е друга работа, но ако одеднаш го извадите апаратот додека она лежи гола во кревет, прво што ќе помисли е: „на кој ли сака да ме покаже“?

11. Не оставајте траги по телото (шливки)
Нежното грицкање по вратот може да биде многу еротично. Но љубовните грицкања можат да бидат и болни. Освен тоа кој сака во средина на летото да носи шливки? Тоа се типични грешки на почетниците.

12. Гмечење на женското тело
Запомнете дека во поголемиот дел од случаите машките имаат повеќе килограми од женските. Ако машкото е тешко и опуштено и со целата негова тежина лежи на жената, таа ќе се чувствува непријатно.

13. Не заблагодарувајте и се
Немојте да и се заблагодарувате на девојката затоа што имала секс со вас. Тоа може да звучи очајно и после тоа тешко дека ќе сака повторно.