Љубов и Секс

Фаталната љубов е лоша за психата, но еве за што помага

Фаталната љубов е лоша за психата, но еве за што помага

Фаталната љубов е онаа која го одзема здивот на филмското платно, онаа која се памети цел живот, но и онаа која може да ја загрози егзистенцијата.

Според истражувањата, повеќе од 80 отсто од луѓето сметаат дека искусиле барем една фатална љубов во животот, а тој однос најчесто се опишува како љубов која боли.

Уште од самиот почеток на односот во врската, доминира физичката привлечност, а поради исклучителната страст, луѓето ја губат контролата над емоциите.

Поради тоа многумина велат дека во таквите односи “ја загубиле главата“ и правеле нешто што инаку не би, а помислата на раскинување предизвикувала физичка болка.

Психолозите објаснуваат дека кај фаталната љубов најчесто станува збор за двајца партнери кои всушност се некомпатибилни, а уверени се дека она што го чувствуваат е вредно за болка, упорност и труд.

Никој не е имун на грешки, па така одржувањето на лоши врски е нешто низ што повеќето луѓе поминале. Сепак, едно е да бидеш во лоша врска и да ја завршиш, а друго е да не знаеш како да ја прекинеш или одново да го повторуваш истото со партнери кои се лоши за тебе, тврдат психолозите.

Сепак не е сè така црно, па фаталната љубов се смета за важен дел од емоционалното созревање, истакнуваат психолозите. Според нив, во таквите односи се учат животните лекции, а тоа е дека страста често се поистоветува со љубов и дека тоа не е добро за нас.

извор:точка.ком.мк