Љубов и Секс

Еве по кој критериум мажите ја избираат својата идна сопруга

Еве по кој критериум мажите ја избираат својата идна сопруга

Што е она што ги “тера” мажите да го постават прашањето над сите прашања? Тоа сигурно (барем еднаш) се запрашала секоја од вас, зарем не?

Се чини дека експертите за врска го знаат одговорот…

Сè зависи од една особина
Експертите тврдат дека на мажите не им е важно дали е натпросечно атрактивна или можеби е вистинска божица на сексот во креветот. Причината за бирање на брачната партнерка се наоѓа надвор од спалната соба. Имено, мажите сакаат брак со жени кои можат да ги направат подобри личности.

Кај мажите е раширено едно сосема одредено чувство: потреба да се грижат за својата партнерка. Сакаат да знаат каде се наоѓа, внимаваат безбедно да дојде дома и да има доволно гориво во автомобилот. Сето тоа се мали работи за кои тие претходно не размислуваат и кои им се чинеле како неважни.

Самодовербата е енормно важна
Експертите за врски им советуваат нешто важно на жените кои сакаат да го разбудат тоа чувство кај мажите: не го терајте партнерот да се чувствува спремен за брак – едноставно пружете му го тоа чувство дека ви е потребен.

Експертите исто така се сигурни дека мажите ги фасцинираат жени кои се сакаат самите себеси. Затоа, здравата доза на самодоверба е многу важна, а тоа на жените им треба за на мажите да им дадат слободен простор и време – за тие да станат подобри луѓе.

извор: точка.мк