Љубов и Секс

Експертка за врски открива зошто сексот е најдобар по 40-тата година од животот

Експертка за врски открива зошто сексот е најдобар по 40-тата година од животот

Шејн Вотсон, експертка за врски и авторка на книгата „Како да запознаете маж по 40-тата година“, наведува дека сексот во поодминати години е подобар.

Еве зошто е тоа така:

Срамежливоста повеќе не постои

По 40-те години, жените воглавно веднаш преминуваат на главниот чин затоа што „кочницата“ во вид на срам или недостаток на искуство повеќе не постои.

Го кажуваат тоа што го мислат

Изјавите како што е: „Денеска сум премногу уморна, може ли тоа да го одложиме за утре?“, се целосно природни за зрелите жени кои што не се плашат од погрешни реакции на мажите.

Се смеат во непријатни ситуации

Кога ќе ги фати грч или пак ќе заземат смешна поза, жените постари од 40 години немаат проблем да се пошегуваат на своја сметка затоа што нивното ниво на самодоверба е стабилно.

Поприсебни се

Со текот на годините доаѓа и одредена доза на присебност и смиреност, која оддава впечаток на жена која знае што сака и која е нејзината улога во животот, а тоа на мажите им е многу привлечно.

Поотворени се

Кога ќе дојдат во одредена доба од животот, жените повеќе немаат причини да се срамат да зборуваат за теми поврзани со сексот.

Прават вистински избори

Искусната жена знае да избере партнер кој ѝ одговара – оној со кој ќе биде компатибилна, како на емотивен така и на сексуален план, а со самото тоа се намалуваат шансите во кревет нешто да тргне наопаку.

Свесни се за своите квалитети

Жените по 40-тата година точно знаат кои се нивните квалитети, а кои им се мааните, свесни се за својот изглед и зрачат со самодоверба со доза на сексапил. За разлика од младите девојки кои патат од несигурност, предизвикана од изгледот на нивното тело.

извор:точка.мк