Љубов и Секс

Експертка за секс открива што се случува кога жена подолго време нема сексуален однос

Експертка за секс открива што се случува кога жена подолго време нема сексуален однос

Австриска експертска за секс, Надја Бокоди, ги советува жените редовно да имаат сексуален однос затоа што во спротивно може да се соочат со низа проблеми од кои што еден знае да биде непријатен.

Имено, таа ги предупредила жените дека по подолг временски период на апстиненција, односно подолг временски период без оргазам, тие може да се соочат со потенцијално болна состојба – вазоконстрикција, односно стеснување на крвните садови во ѕидовите на вагината.

„Кога сме возбудени, крвта влегува во ткивото околу гениталиите, предизвикувајќи оток. Доколку тој оток не спласне, што се случува во текот на оргазмот, работите може да станат непријатни“, напишала Надја.

Таа исто така истакнала дека многу од жените ова непријатно чувство го мешаат со менструалните грчеви.

„Отечените гениталии не се единствената нус појава при апстиненцијата. Долгата апстиненција може да има влијание и на менталната состојба, имуниот систем и либидото“.

Експертката за секс истакнува и дека не е новост стресот да може да доведе до губење на интересирањето за секс, но наспроти тоа, намалениот сексуален однос го зголемува нивото на хормонот на стрес поради што сме понапнати.

„Луѓето кои што редовно имаат секс и доживуваат оргазам, се помалку склони на настинки и грип, судејќи според истражувањето кое што покажало дека паровите кои што имаат сексуални односи најмалку еднаш неделно имаат и повисоко ниво на имуноглобин“, порачала Бокоди.

извор:кармин/точка.ком.мк