Љубов и Секс

Експертите за секс велат дека напитокот кој сите го обожуваме го зголемува оргазмот

Експертите за секс велат дека напитокот кој сите го обожуваме го зголемува оргазмот

Експертот тврди дека овој трик навистина делува… На социјалните мрежи во последно време има сè повеќе жени кои што тврдат дека кафето им помага да доживеат појак оргазам.

Тие велат дека доволно е да испиете една шолја еспресо (или пак било кое друго кафе) пред да се впуштите во „акција“ и дека оргазмот гарантирано ќе биде многу поинтензивен.

Една од теориите е дека поради кофеинот се зголемува протокот на крвта во интимната зона.

„Тоа значи дека крвните садови се поотворени и дека крвта побрзо протекува секаде. Постојат некои студии кога станува збор за поврзаноста на мажите и кафето кои што покажуваат дека кафето може да помогне кај еректилната дисфункција, но јас сум гинеколог, тоа не е моја работа.

За жал, немаме доволно научни докази дека пиењето на еспресо може да помогне жената да доживее интензивен оргазам“, изјавил гинекологот д-р Џозеф Грој.

Истражувањата кои што се спроведени во 2018 година на лабораториски глувци покажале дека внесувањето на кофеинот го подигнува либидото кај женките, но не постојат истражувања дали на истиот начин делува и кај луѓето.

Сексот за експерт Бокоди од Австралија, разговарала со гинекологот д-р Гројем кој што тврди дека не е исклучена можноста кофеинот навистина да влијае на оргазмот, но не во голема мера, а покрај тоа истакнал и дека предиграта може да има голема улога во постигнување на оргазмот.

Бокоди одлучила и да ги тестира овие тврдења и вели дека оргазмот по кафето „е малку поинтензивен“, но додава дека тоа може да биле и плацебо ефект.

Во секој случај, не е лошо да се обидете поради тоа што нема да имате некои нуспојави.

извор:каримин/точка.ком.мк