Љубов и Секс

Еден машки атрибут привлекува 80 проценти од жените

Еден машки атрибут привлекува 80 проценти од жените

Научниците дале научно објаснување, тврдејќи дека силно изразената вилица потсвесно им сугерира на жените дека и самиот маж е силен.

Се утврдило дека мажите со одредени телесни карактеристики имаат предност, но и дека оние со малку „подебел“ паричник исто така добро проаѓаат. Исто така, оние кои тренираат, оние кои се вредни и љубители на животни се привлечни во очите на жените.

Меѓутоа, сега повторно се враќаме на физичките атрибути и на една одлика која ги привлекува речиси сите жени.

Едно истражување спроведено во Германија се занимавало со човечката привлечност и машките и женските карактеристики. Истражувачите сакале да проверат што е тоа што неверојатно ги привлекува жените кај мажите и дошле до заклучок кој многумина не го очекувале.

Утврдено е дека 80 отсто од жените се заљубуваат во мажи кои имаат силна, широка и истакната линија на вилицата. Мажите кои имаат поостра брада им делуваат многу попривлечно на жените.

Научниците дале научно објаснување, тврдејќи дека силно изразената вилица потсвесно им сугерира на жените дека и самиот маж е силен, згоден и зрел и може да ги штити и внимава на нив.

Мажите кои имаат поблаги црти на лицето и послаба брада оставаат впечаток на слаб маж кој е плашлив и несигурен во себе.

извор:супермен/точка.ком.мк