Љубов и Секс

Дали знаете што е „правило од 6 минути“? Ви гарантира незаборавен секс и уште подобар оргазам

Дали знаете што е „правило од 6 минути“? Ви гарантира незаборавен секс и уште подобар оргазам

Истражувањето исто така покажало дека 56 отсто од мажите и 55 отсто од жените се чувствувале задоволено.

Всушност ова правило се заснова на воведување предигра која што треба да трае – најмалки шест минути пред да се тргне со „главната акција“.

Во истражувањето на научници од Канада во кое што биле опфатени 1.500 луѓе, пронајдени биле луѓе кои што пред конкретната секс-акција уживале во предиграта која што траела најмалку шест минути и истите биле сексуално задоволни – и тоа многу.

Истражувањето го нарачала компанијата „Тројан“, а научниците биле задоволни од различните тестови со кои што утврдиле дека поголемиот дел од мажите се согласуваат со правило од шест минути кое што носи неверојатно задоволство, но сепак тие и без него можеле да доживеат задоволство – во споредба со 61 отсто од жените на кои што предиграта им е многу важна.

„Шест минути е најмалку време кое што треба да го посветите на предигра. Ова е едноставен начин кој што луѓето можат да го практикуваат во својата врска, а не ги чини ништо“ – објаснил Робин Милхусен, професор по сексуалност од Универзитетот Гвелф.

Истражувањето покажало дека 56 отсто од мажите и 55 отсто од жените чувствувале поголемо задоволство доколку со своите партнери разменувале нежност во текот на сексот, како на пример галење.

извор: точка.мк