Љубов и Секс

Дали вашиот партнер ве цени доволно?

Дали вашиот партнер ве цени доволно?

За вашиот брак да биде идеален и без расправии, покрај љубовта исто така важно е и тоа колку партнерт ве цени и секако довербата.

Ако партнерот ве слуша додека му кажувате кажувате како поминавте на работа, додека кажувате ваше мислење во врска со нешто кое ве засега и двајцата, можете да бидете сигурни дека тој го цени вашето мислење. Ако е горд на вас и на работите кои ги правите, тој ве цени и важно му е за вие да бидете среќни.

Понекогаш се случува и партнерот од вас да побара некој совет и важно му е вашето мислење. Тоа е знак на взаемна љубов и ценење. Доколку не ви се допаѓа нешто што тој го планира, доколку ве цени тој нема да го направи.

Ако знаете дека на партнерот можете да се потпрете во секое време тоа е знак на големо ценење, доверба и љубов. Со ваков човек можете да останете до крајот на животот и да бидете сигурни во неговата љубов. Секако дека е важно и вие да се однесувате со разбирање, бидејки на тој начин ништо нема да ви биде пречка за успех.

извор: Курир.мк