Љубов и Секс

Дали среќниот брак гарантира добар сон?

Дали среќниот брак гарантира добар сон?

Луѓето што се во релативно среќен брак со мал број компликации,во просек спијат подобро, заспиваат полесно и многу ретко се будат во текот на ноќта. Но, дали добриот брак носи добар сон или пак добриот сон е предуслов за добар брак? Луѓето кои се наоѓаат во среќен брак имаат многу помалку потешкотии со спиењето, спијат поквалитетно и многу поретко се будат во текот на ноќта од оние што се во несреќен брак.

Резултат со слика за happy marriage

Бракот може да биде добар за Вашиот сон, но само во случај кога бракот е добар. Ако се наоѓате во несреќен брак, тоа може да биде ризичен фактор за нарушување на спиењето. Се поставува прашањето дали несреќниот брак води кон лош сон или пак неквалитетното спиење и нарушувањата на сонот водат кон несреќен брак? Ако спиете лошо, тогаш сигурно сте нервозни, крајно раздразливи, имате потешкотии да се сконцентрирате, продуктивноста Ви е на ниско ниво, а исто така и толеранцијата – сето ова може да влијае на квалитетот на Вашиот брак.  Од друга страна, и лошиот брак може да влијае врз квалитетот на спиењето, затоа што се наоѓате во ситуација во која се обидувате да се одморите и да заспиете крај некој со кој се расправате по цели денови, што е блиску до невозможно, бидејќи проблемите остануваат на статус кво. Психолозите нудат можен излез од овој круг со советување за партнерите во брачно советувалиште или во најмала рака ставање мораториум на караниците во спалната соба, создавајќи оаза за одмор, со чија помош ќе може да се надмине проблемот.

Резултат со слика за happy marriage