Љубов и Секс

Дали ја сакаме личноста, ако се осудиме да ја изневериме?

Дали ја сакаме личноста, ако се осудиме да ја изневериме?

Љубовта не ги опфаќа само нашите желби и потреби, таа е равенка во која заеднички се среќаваат потребите и желбите на две личности. Таа не треба да значи себичност и не треба да дозволи потпаѓање на сите искушенија, по цена да се повреди другата личност.  Љубовта значи ставање на потребите и чувствата на другата личност, дури и пред нашите. Таа значи штитење на другата личност, давање поддршка, но и градење доверба со таа личност.

Голем дел од луѓето кои некогаш изневериле некого ќе кажат дека изневерувањето е грешка. Сите сме живи суштества и понекогаш правиме грешки со што нанесуваме штета на луѓето кои ги сакаме. Никој од нас не е совршен. Прифаќањето на грешката значи дека треба да ја научиме лекцијата од тоа што сме го направиле, но и да и надоместиме на другата личност за направената грешка.

Но, изневерувањето е повеќе од грешка.

За да изневериме некоја личност не правиме само една грешка, туку низа потези. Флертуваме со таа личност, стапуваме во контакт, ја продлабочуваме комуникацијата и одиме далеку во тоа, тргнуваме на патот од кој често нема назад. Без оглед на тоа дали изневерувањето ќе се случи само еднаш или стотина пати, сепак тоа е изневерување. Тоа е себичност. На тој начин, го кршиме ветувањето дадено кон другата личност и тоа не е љубов.

Секако, можете да се грижите за некоја личност и да ја изневерите. Можете да се грижите за нив и нивните чувства. Но, треба да знаете дека секогаш кога ќе изневерите некого, ја погазувате љубовта која тврдите дека ја имате кон нив, но ја погазувате и нивната љубов, нивната личност и сето вложување во таквата врска.

Не им велете дека ги сакате, бидејќи често тоа не е вистина. Доколку сте ги сакале и сте се грижеле за нив, не би го направиле тоа. Со изневерувањето, вие на другата личност и покажувате дека не ја цените доволно, дека таа не е доволна, дека ви треба нешто повеќе. Без оглед на тоа колку пати сте изневериле, сте паднале во искушението да уживате без да помислите на тоа што значи таквиот чин за почитта која другата личност ја има кон вас. Вие не ја почитувате личноста, единственото нешто што го почитувате се вашите потреби.

Клучната порака е дека секогаш кога ќе изневерите некоја личност, не се обидувајте да се убедите себеси ниту нив дека тие ви значат и дека ги цените. Кога би ги ценеле доволно, никогаш не би го преземале ризикот да го направите тоа што сте го направиле.

Вие не ги заслужувате!